Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Opel Astra е најпопуларен автомобил на koli.com.mk во 2010-година
 
Spodeli
07 јануари 2011, 19:51


Opel Astra е најпопуларен автомобил на koli.com.mk во 2010-година Opel Astra - 2011 Opel Astra е најпопуларен автомобил на koli.com.mk во 2010-година
Ви ја претставуваме листата на најпопуларни автомобили на Koli.com.mk во 2010-га година. Листата не ја создадовме ние, напротив, ја создадовте Вие, посетителите на koli.com.mk, со клик на секоја поединечна страна на порталот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Системот автоматски генерира популарност на секој од моделите. Така, според вашиот интерес, Opel Astra е најпопуларен автомобил на koli.com.mk во 2010-година. Втор и трет модел на листата се VW Golf и Chevrolet Cruse.

ТОП 10 најпопуларни на koli.com.mk

Во првите 10 се уште и Corsa (7-ма) и претходната генерација на Astra (10-та), заокружувајќи три Opel модели во Топ 10 или дури 4 модели на General Motors (заедно со Chevrolet Cruze). Друштво на Golf VI од VW групацијата во ТОП 10 му прави Polo (4-ти), а тука се и двата многу популарни Ford модели – Fiesta (5-та) и Focus (9-ти). Честа на француските модели, според популарност на Koli.com.mk  ја бранат Renault Megane (6-ти) и Peugeot 207 (8-ми).

Интересно, во најпопуларните 10 има дури 7 германски модели.

Audi A4 e попопуларен од лутите германски премум конкуренти

Од популарното тројство на премиум модели од средната класа, Audi A4 (23) во 2010-та беше пред BMW серија 3 (26) и пред Mercedes C Class (30).

Најпопуларна класа е класата на компакти, пред ниска класа, компактните седани и SUV моделите

Ако анализираме по класи, најпопуларна е класата на компакти, со дури 5 претставници во ТОП 10 или дури 10 претставници во ТОП 30 (Astra (1), Golf VI (2), Megane (6), Focus (9), Astra Classic III (10), Lancer Sportback (16), Kia cee’d (17), Leon (21), 308 (22), Mazda 3 (27)).

Ниската класа е со 4 претставници во ТОП 10 или 8 во ТОП 30 е следната популарна класа - Polo (4), Fiesta (5), Corsa (7), 207 (8), Dacia Sandero (13), Punto Evo (14), Yaris (28) и новиот Citroen C3 (29).

Чeста на седаните од компактната класа ја брани ултра популарниот Chevrolet Cruze (2), пред Mitsubishi Lancer (15), Skoda Octavia (20) и Mazda 3 Sedan (25).

Од модерните SUV модели, највисока популарност во 2010-на на Koli.com.mk имаше Kia Sportage (11), пред Hyundai ix35 (12), Skoda Yeti (18) и Chevrolet Captiva (24).

Слаба популарност на моделите од средната класа

Интересно, од средната класа, најпопуларен модел е Opel Insignia, дури на 19-тото место, и уште поинтересно, тоа е единствениот модел од класата кој се наоѓа во ТОП 30 листата на популарност на Koli.com.mk.

Се забележува дека поновите модели се погоре на листата. Од постарите модели, прилично горе на листата се Corsa, 207, Astra Classic III…

На листата во ТОП 30 ги нема Aveo, Spark, Ibiza, Clio, C4, Civic, Accord, Passat, C5…

Од вообичаено популарните модели во Македонија, интересно е да се напомене дека во ТОП 30 ги нема Auris и Corolla на Toyota, потоа Citroen C4, VW Passat, Ford Mondeo, Avensis, Mazda 6. Нема ниту еден од премиум малишаните (Mini, Citroen DS3, Alfa Mi.To, Audi A1, Fiat 500, Toyota IQ), во ТОП 30 го нема ниту Clio-то на Renault, ниту Ibica, ниту Aveo, ниту Fabia, како и Honda Civic, Accord, Hyundai i30, Fiat Bravo. Во ТОП 30 не е ниту Chevrolet Spark, a нема ниту еден моноволумен.

Ако анализираме по марки, единствено Opel има повеќе од два претставници во ТОП 30, и тоа дури 4, а со по 2 претставници се други 7 марки (VW, Chevrolet, Ford, Peugeot, Kia, Skoda, Mazda)

Листата по марки, според популарност на koli.com.mk, за ТОП 30 моделите изгледа вака:

•    Opel – 4 (Astra, Corsa, Astra Classic III, Insignia),
•    VW – 2 (Golf VI, Polo)
•    Chevrolet – 2 (Cruze, Captiva)
•    Ford – 2 (Fiesta, Focus)
•    Peugeot – 2 (207, 308)
•    Kia – 2 (Sportage, cee’d)
•    Skoda – 2 (Yeti, Octavia)
•    Mazda – 2 (Mazda 3, Mazda 3 Sedan)
•    Mitsubishi – 2 (Lancer и Lancer Sportback)
•    Hyundai – 1 (ix35)
•    Renault – 1 (Megane)
•    Seat – 1 (Leon)
•    Dacia – 1 (Sandero)
•    Fiat – 1 (Punto Evo)
•    Toyota – 1 (Yaris)
•    Citroen – 1 (C3)
•    Audi – 1 (А4)
•    BMW – 1 (Серија 3)
•    Mercedes – 1 (C-Class)

Ако анализираме по земји производители, апсолутно најпопуларни се германските модели.

Во исчекување на листите со продажба за 2010-та година, сега засега вака изгледа листата на желби на македонските купувачи. Ќе биде интересно да се направи споредба на оваа листа со популарност на koli.com.mk, со листата на продажба – за да се види колку македонските купувачи успеваат да го купаат автомобилот што е центар на нивниот интерес и колку цената на автомобилот е крајниот одлучувачки фактор.

Популарност на моделите на koli.com.mk во текот на тековниот месец може да следите најдолу на порталот, а може да се види и коли се најпопуларни модели по класи, на оваа страна: http://koli.com.mk/novi_najpopularni.aspx


Opel Astra - 2011
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Samo sakam da poentiram deka bezbednosta na Hyundai i30 e katastrofalna, a slicno e i so Kia, pred 7 dena napraviv sobrakajka i manav so 137km vo betonski stub so Golf 6, izlegov zdrav i citav bez grebnatinka, a dokolku bese so nekoj od gore spomenatite ke bese znak ? kako ke bese cela taa situacija. Sepak Bezbednosta na voziloto e golem + sto moze da znaci i zivot.
Напишан од tt  пред  околу 79 месеци
kur se trese u ladna voda
Напишан од gluposti  пред  околу 80 месеци
Da na you tube ima Golf 6 so 80 konja i zabrzuva za 11 sec ama prasanje e kolku e iskren toj sto go snimil deka e so toj motor, a ne velam deka Golf ne cini i vprocem podobro e da go imas makar i so najslabiot motor otkolku da go sonuvas so pojak motor, a ne znam zosoto pak nekoi gi omalozuvaat kia i hyndai koga se dokazaa barem po kvalitet ako ne po najdobar dizajn ili drugo ama ne se za potcenuvanje pozdrav
Напишан од ratkapna  пред  околу 80 месеци
Do RATKAPNA: pobrz, pospor ne e bitno, ama da gi stavas u ista recenica Hyundai i30 (koja e taa kola alo ???) so Golf, Megan, 308, Astra, Bravo, Focus, e PERVERZNO
Напишан од vojo  пред  околу 80 месеци
Samo edno znam, urednikot na sajtov 100% vozi Opel Astra :)))
Напишан од haha  пред  околу 80 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 8
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил