Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Audi A1 1.2 TSI
 
Spodeli
06 јануари 2011, 05:10


Тест – Audi A1 1.2 TSI Audi A1 Тест – Audi A1 1.2 TSI
Колку само почна да станува иронично, дури и малку перверзно, среде светската економска криза, производителите да лансираат премиум мали автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

И тоа не само оние со премиум педигре. Во премиум сегмент се осмелија да влезат и Toyota (со iQ) и Citroen (со DS3). Но, има смисла. Богатите и покрај тоа што имаат потреба да се преселат во класа подолу (со својот втор или трет автомобил), по никоја цена не сакаат да се откажат од стилот и имиџот. А, на најновиот натпреварувач во тренди класата на премиум малишани - Audi A1, имиџ ни малку не му недостасува. Напротив.

Карактеристичната заоблена купе линија како од Audi TT, со агресивната предна маска и заден дел во купе изведба се вистински празник за очите. Човек не треба да има специјално добар вид за да ја забележи кратката и ниска, но исклучително широка и лута силуета, која дава посебна доза на робусност и спортски стил.

Секако, по теркот на другите модели од класата, стилот е надополнет и со безгранични можности за кастомизација, уште повеќе отколку што тоа го можат Mini или Citroen DS3.  Различниот избор на бои за надворешноста, како на пример за кровните носачи кои кај А1 се протегаат по целиот покрив (како кај легендарната VW Буба) дополнително ја нагласува допадливата заоблена линија.

Но, каква врска овој А1 има со VW? Во однос на техниката, многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Впрочем, и покрај четирите прстени напред, А1 лежи на платформата на Polo, Ibiza и Fabia. Да, оние исти малечки од концернот VW, што чинат и до 50% помалку! Секако, тука вистинското прашање колку е сето тоа оправдано...

На пат

Перформанси

И покрај тоа што најчесто ќе се вози низ град, А1 во целост го носи педигрето на производителот кој го донесе Quattro, а се наоѓа во класа во која купувачот не очекува забава само додека го гледа автомобилот, туку и додека управува со него. На големо изненадување, дури и основниот мотор (1.2 TSI со 86 КС), крева адреналин, дури и кај прекалените возачи.

Тајната кај овој технолошки бисер на Audi лежи во високиот вртежен момент од 160 Nm, кој е постигнат благодарение на директното впрскување на горивото и турбо полначот. Впрочем, во возење, моторот потегнува дури и од најниските вртежи, а не застанува ни до повисоките. Згора на тоа, степените на пренос во петстепениот менувач се одлично распоредени, па на А1 никогаш не му недостасува сила. Бројките велат дека забрзувањето до стотка трае 11,7 секунди, додека максималната брзина изнесува 180 km/h – доволно и за низ град, а и за повремени излети надвор од него.

Удобност/Управливост

Audi многу добро знае што неговите купувачи очекуваат од својот автомобил – тој треба да биде доволно удобен, но и управлив и стабилен. А1 нуди вистински компромис меѓу удобноста и возните својства. Всушност, и покрај тврдо подесената суспензија, а благодарение на цврстата изведба на каросеријата, А1 не пренесува вибрации ниту удари од многуте скопски дупки. Се чувствува дека автомобилот потскокнува (што е карактеристично за автомобили со толку кратко меѓуоскино растојание), но и многу лесно ја сочувува линијата на движење. Едноставно, се однесува како тешка челична кугла која се тркала по асфалтот...

Но, А1 е далеку од кугла кога ќе влезе по свиоците... На кривулест пат се однесува како вистински атлета и дозволува исклучително брзи промени на правецот. На наше задоволство, наместо подуправливост, А1, доколку се испровоцира, преминува и во преуправлиовст, односно занесува со задниот дел, што е и тоа како забавно, а овозможува исклучително брзо влегување во свиоците. Како шлаг на тортата наречена силно возачко доживување, доаѓаат и супер прецизното управување и извонредно прецизниот менувач.

Рафинираност

Главната болка на малите автомобили, и покрај обидите на инженерите да го подобрат тоа, е послабата рафинираност. Тука, прецизните германци, не само што се обиделе, туку и го постигнале тоа – А1 е многу тивок дури и при многу високи брзини, а како што споменавме претходно, скоро и да не пренесува вибрации во внатрешноста. Дефинитивно, патниците на предните седишта, можат да згрешат и да помислат дека се возат во некој поголем Audi... Она што не е пријатно при секојдневна употреба е тешката и голема врата, како и прилично тешкото и непрактично седиште кое, при влез на патник назад, бара повеќе сила од вообичаеното.

Во кабината

Простор/Практичност

Ако напред, благодарение на просторот за колена и за глава, патниците навистина помислат дека се возат во некое поголемо Audi, оние назад секако дека нема да го поделат мислењето. Всушност, А1 е толку тесен позади, што дури и еден метар помалиот Toyota iQ нуди повеќе простор  и за колената, и за главата на седиштето зад совозачот. Веројатно тоа е цената која мораше да се плати за купе дизајнот на задниот дел. И покрај ваквите забелешки, А1 нуди солиден багажник од 267 литри, односно 920 литри (до покривот), доколку се спуштат лесно соборливите задни седишта. Факт е, багажникот не импресионира, ама повеќе простор од автомобил долг 3,95 метри и не треба да се очекува.

Зад управувачот

Поставеноста на возачот во А1 е како кај вистинските спортски автомобили. Ниско седење, со менувач секогаш на дофат на раката, и управувач кој повикува на спортско возење. Едноставниот дизајн на ентериерот, со многу логично изведени команди, носи високо ниво на ергономија. Оценка плус и за дисплејот за аудио уредот кој се издигнува високо над централната конзола, што е добро во поглед на безбедноста, бидејќи возачот не го оттргнува многу погледот од патот.
Многу значајно, Audi A1 може да се пофали и со солидна прегледност, што во голема мера го олеснува паркирањето на и така малата каросерија. Паркирањето дополнително е олеснето и благодарение на зашилената форма на предниот дел, факт на кој би се израдувале дамите возачи – потенцијални сопственици на симпатичниот голем мал Audi.

Опрема

Се разбира, од премиум модел мора да се очекува богата опрема... Не, тоа не е случај и кај ова Audi. Напротив, доплати се бараат дури и за некои елементи кои сме навикнале сериски да ги гледаме и кај најевтините модели, како на пример за мануелен клима уред. Од друга страна, и покрај тоа што доплатите се високи, не може а да не се забележи високиот квалитет на вградената опрема, како на пример на аудио уредот или пак на козметичките детали, како на хромираните или кожените делови...

Поседување

Купување/Експлоатација

Иако во рамките на класата, не може целосно да се оправда високата цена на А1, особено што опремата не е особено богата. Основниот модел, со 1,2 TSI моторот со 86 КС, чини 16.770 евра, а од опремата вклучува челични тркала, четири воздушни перничиња, целосна електрика, радио со CD+MP3, имобилизатор... Како што се забележува, недостасува клима уредот, кој како дополнителна опрема и чини 1.006 евра! И тоа мануелен! Истиот не се испорачува сериски ниту во повисокото ниво на опрема Ambition, кое со моторот 1,2 чини 18.460 евра!

Затоа пак, од ниту еден друг модел од класата не може да се очекува добра продажна  цена во иднина, како што ќе го може Audi A1, се разбира, ако ништо друго, барем заради тоа што е Audi. Во прилог на ниските трошоци, оди и ниската потрошувачка кај моторите, постигната благодарение на најновата генерација на TDI и TSI технологиите, како и на стандардниот Stop&Start систем, кој кај А1 е успешно интегриран и воопшто не ја расипува удобноста.

Квалитет/Доверливост

Навидум високата цена во голема мера е оправдана кога ќе се види како е изведен ентериерот. Во внатрешноста апсолутно не е штедено – пластиката е фина и мека на допир и секој детаљ е изведен како во поголемите Audi модели, а карактеристично за производителот од Инголштад, завршната обработка е на највисоко ниво. За доверливоста на овој нов Audi, репер треба да бидат останатите Audi модели, заради користењето на истата технологија.

Безбедност


Чиста петка на најновите тестови на EuroNCAP, е доказ дека А1 е перфектно безбеден автомобил за патниците, од возрасните, преку децата, па до пешаците.



Конкуренција

Секако, неизбежна е споредбата со конкурентите. Можеби во однос на возните својства A1 нема да го симне Mini од тронот, но затоа малиот Audi е многу поуниверзален автомобил. Целата разлика во однос на Mini е фактот што спортското доживување не е толку хард-кор. Едноставно, Audi А1 е попријатен секојдневен спортско-ориентиран автомобил. Не бара толку енергија од возачот (како во случајот кај Mini), а нуди забава. Слично како Mi.To или DS3, со напомена дека во однос на францускиот конкурент забележлив е недостигот на простор на задната клупа – за да може автомобилот да биде целосно функционален и практичен, па дури и семеен.

Заклучок

Можеби дели многу компоненти со Polo, Ibiza и Fabia, но во никој аспект, А1 не потсетува на народните браќа. Однадвор изгледа провокативно и модерно, вози исклучително забавно, има премиум квалитетна кабина, и секако носи многу повеќе стил со себе. Доколку не пречи потесната задна клупа и високата цена, А1 треба да биде во потесниот избор на премиум мал автомобил... Особено што знае да биде и штедлив...

Предности:
-    Привлечен, спортски дизајн
-    Голема забава во возењето
-    Одлични перформанси дури и од основниот мотор
-    Висока рафинираност – солидна удобност и многу тивка кабина
-    Висок квалитет на материјалите во внатрешноста
-    Одлично чувство зад управувачот, висока ергономија и прецизен менувач
-    Солиден багажник
-    Добра прегледност
-    Можности за персонализирање
-    Безбедност

Недостатоци:
-    Тесна задна клупа
-    Висока цена, недоволно богата опрема
-    Многу скапи доплати
-    Ентериерот се чини можел да биде малку поразигран


Audi A1
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ubavo e samo grdo e vnatre
Напишан од grdo  пред  околу 71 месеци
taka e SW, potpolno se soglasuvam so tebe.
Напишан од kici  пред  околу 79 месеци
Горане,дете мило,самиот се издаде и си го покажа нивото на кое се наоѓаш и планинарскиот менталитет од селото на дедо ти од кај што потекнуваш.Жалосно,ама ајде белким ќе се управиш,ќе јадеш повеќе корнфлејкс,ќе ја возиш заставата повеќе и тоа е.Поздрав
Напишан од Јане  пред  околу 79 месеци
Abe JANE SELJAK EDEN PROST ODI SETAJ!!
Напишан од Goran  пред  околу 79 месеци
sigurno vo audi razrabotile nekakva strategija za ovoj model i ne go prepustile na milosti nemilost,denes nikoj nemoze da si go dozvoli toj luksuz,a za cenata koga e vo prasanje audi nikogas nebila nekoj poseben problem,a i samiot auto ne e los
Напишан од tralala  пред  околу 79 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил