Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест – Alfa Romeo Giulietta
 
Spodeli
28 декември 2010, 14:20


Тест – Alfa Romeo Giulietta Alfa Romeo Giulietta Тест – Alfa Romeo Giulietta
Кога Вие сте лавот, а другите мачиња...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Оживувањето на легендарно има како што е Giulietta е само истористки наврат на она што е, и секогаш ќе биде Alfa. Формите што се резерирани само за специјалните автомобили се линиите на Giulietta – агресивно спортски и со стил. Налик на Mi.To, и пред се на култниот 8c competizione, Giulietta e различното нешто што се движи по улици. 
 
На страна убавината, целата вистина со Giulietta е дека на нејзина страна се и фактите – новиот премиум компакт автомобил е полн со технолошки иновации, благодарение на кои бенефит се чувстува насекаде – од извонредно возачко доживување, високо ниво на удобност, преку солидна просторна понуда до изненадувачки ниска потрошувачка. Треба ли нешто повеќе?
 
 
Поставена на сосема нова платформа, со загарантиран ексклузивитет само за автомобилите од Fiat групацијата, Giulietta освојува, во секој поглед. Кога се приближувате кон неа, чувствувате нешто. Како да ве гледа. И ви вели Добро утро. Тоа е Alfa. Хуманиоиден автомобил, со душа.
 
На пат
 
Перформанси
 
9,4 секунди до стотка, и максимална брзина од 195 km/h, за малолитражниот 1,4 мотор со 120 КС, перформанси за кои бројките не се толку битни, колку што е битен начинот како силата е распределена и какво е чусвството слушајќи го спортскиот звук од моторот. Вие сте лавот, другите се мачиња. Едноставно, сакате да изедете се што се наоѓа пред вас. Giulietta тоа го овозможува, во целост. 
 
Удобност и управување
 
Враќањето на Alfa во компактната класа на голема врата ја изместува сликата, посебно во премиум сегментот. Со неверојатно нагласен компромис помеќу спортско уживање и комфорот, Giulietta потсетува дека ова е вистинскиот спортски автомобил, со изненадувачки мека амортизација. Најбитно - реално достапен. 
 
А, доколку не сакате Giulietta да ја возите агресивно, таа се претвора во сосема културен и префинет автомобил. Низ град, при релаксирано возење, благодарение на изненадувачки меката амортизација, Giulietta е максимално удобна, додека на отворено долгиот 6-ти степен на пренос релаксира и опушта. Giulietta според своите димензии се наоѓа во класата на компакти автомобили, но според понудената удобност е над класата, особено и заради одличната звучна изолација. Она што одушевува е секако еластичниот мотор кој овозможува различен пристап во возењето, во различни услови. 
 
Giulietta најмногу поентира заради многуте технолошки напредни решенија, заради кои целото нешто функционира одлично. DNA, PreFill, Q2, DST се само дел од системите задолжени за достигнување на бенефитот кој го забележавме, и веројатно заради кој Giulietta ја освои втората награда за официјалниот извор за Европски автомобил на годината.
 
DNA системот е само техничка илустрација на тоа што Giulietta го нуди. Од сосема релаксирано и комфорно возење (преку normal мод-от), до нагласени спортски апетити (преку избор на dynamic мод-от на возење), кога педалите стануваат почувствителни, а управувачот се укрутува, и дополнително, за понагласено спортско доживување, добива и помал круг на вртење. Значи, не мал круг на вртење на автомобилот за 180 степени, туку мал круг на вртење на управувачот. Како во картинг. Вистински рај за тие што сакаат да возат!
 
Системот PreFill има задача да го зголемува притисокот на педалите уште пред тие да бидат притиснати, секако, кога има информација од ESP дека би следело нагло сопирање. Овој систем работи кога е активиран Dynamic мод-от на возење. 
 
Ако DNA и PreFill се со мисија да овозможат спортско, но и безбедно возење, Q2 системот, освен безбедност, нуди у висока управливост. Тој има задача, во свиоците да го држи автомобилот до идеалната линија на движење, како по шини. Идејата е да се следат параметрите од ESP системот, и во случај кога би настанало пролизгување да се намали силата на погонската оска на предното тркало кое се наоѓа на внатрешниот дел од свиокот. 
 
Ваква електронски автоматизирана интервенција е потребна заради тоа што тркалото кое се наоѓа на надворешниот дел од свиокот поминува повеќе пат, па кај него е прераспределена помалку сила отколку кај тркалото што се наоѓа на внатрешниот дел од свиокот. Q2 автоматизирано (исто така по информација од ESP) ја намалува погонската сила на внатрешното тркало, со што се добива една целина во свиокот, благодарение на што автомобилот има високо ниво на управливост и најбитно, се задржува во граници на високо ниво на безбедност. 
 
Од технолошките новитети, за спомнување е и систeмот DST, кој се грижи за безбедност кога тркалата се наоѓаат на подлога со различен отпор на триење.
 
Ако некого го изненадуваат многуте технолошки иновации што доаѓаат од Милано, само потсетување, дека токму во градот на модата беше измислен common-rail како технологија, инаку денес базичен систем при конструирањето на најголем дел од дизел моторите во автоиндустријата. Тивки, рафинирани, моќни, со ниска потрошувачка. 
 
Рафинираност
 
Рафинираност - Една нова категорија почнувајќи од овој тест, за која многу пати во минатото пишувавме, ама во поинаква форма. За некои работи и нема зборови, треба да се почувствуваат. Она што вообичаено го носат поскапките и пореномираните марки на автомобили - се да е меко, префинето, со чувство дека е квалитетно и скапо. Во однос на рафинираноста, Giulietta е на ниво на вистински премиум автомобил.
 
Финансии
 
Трошоци за купување и поседување
 
Со цени од 18.990, па се до 26.900 Евра, Giulietta е во рамките на тоа што го нуди. Сепак, се работи за премиум компактен автомобил, кој по димензии опасно се приближува и кон класата погоре. 
 
Фабрички ветената просечна потрошувачка од 6,4 литри на 100 km, би можело да се постигне само ако вашата Giulietta не ја возите како Alfa. Нашите бројки за потрошувачка, велат:
 
Низ град, со дефанзивно и максимално претпазливо возење потрошувачка од околу 7,2 литри / 100 км, а, со максимална агресивност, дијапазонот на потрошувачка низ град оди дури до 13 литри, па и повеќе. Некаде, во просек, градското возење со Giulietta може реално да се очекува да биде некаде на границата од околу 8,5 литри.
 
На отворено, при брзини од околу 80 km/h, потрошувачката може да падне и на 6 литри, при 100 km/h се движи малку под 7 литри (поконкретно 6,9), а на 120 km/h веќе е на границата над 8,0 литри. Околу 140 km/h и веќе борд компјутерот покажува просечни 9,5 литри. Сосема задоволително, за автомобил кој и тоа како нуди спортско уживање. 
 
Одличните бројки за потрошувачка се должат и на имплементација на Stop&Start системот.
Во однос на загубата на вредност на автомобилот низ годините, впечаток е дека Giulietta ќе држи цена, подобро од било која Alfa претходно – заради целосно поквалитетната изработка, многуте технолошки новитети, ама и заради ниската потрошувачка
 
Квалитет и доверливост
 
Можеби немаше да сме толку многу импресионирани, доколку Alfa не успеа да поработи на внатрешноста, во делот каде требаше најмногу да се работи – висока завршна обработка и избор на квалитетни материјали. Распоредот на начинот на изведба на командите создава впешаток дека инжинерите од Alda при конструирањето на внатрешноста повеќе се грижеле за стилот, отколку за функционалноста. 
 
Безбедност и сигурност
 
Се разбира, 5 звездички за безбедност, со 97%, 85%, 63% и 86% бројки од новиот начин на оценување на EuroNCAP, за заштита на возрасни, деца, пешаци и помош за безбедност, соддветно.
 
Во кабината
 
Зад управувачот
 
Интересно, малку и изненадувачки за нас, седишатата немаат многу цврста странична поддршка на седишата. Колку и да се работи за спортско ориентира автомобил, сепак идејата и со овој автомобил е дека во најголем дел од времето мера ќе се вози рекалсирано, па и седишатата се дизајнирани да овозможан секојдневна удобност, а не тркачка потпора. Искрено, ваквиот пристап е за поздравуање, бидејќи реално, сепак автомобилот се користи секојдневно, и треба секојдневно да е практичен и удобен. Не се оди со него на трка. 
 
Седењето е ниско, прегледноста не е за пофалба, а стилизираните елементи, кои доловуваат различен ентериер, и не се најидеално ергономични. 
 
Простор и практичност
 
Понуда на простор е и повеќе од задоволителна во сите правци, и напред и позади, со багажник од 350 литри. Надворешната каросериска изведба која оддава чувство на моќ го плаќа данокот на својата убавина, преку високиот товарен раб на багажникот, но и слабата прегледност позади. 
 
Giulietta не одушевува ако се бараат премногу места во автомобилот за оставање на ситници, или пак поголеми предмети. 
 
Опрема
 
За опремата, конкретно, за сите моделски изведби, повеќе, тука
 
Заклучок
 
Не е спорно дека Alfa Romeo Giulietta е и повеќе од добар автомобил. Дури, и сите наши ставови досега (на koli.com.mk) во врска со начинот за избор на автомобил, по пат на рационален ум и споредба по различни критериуми, би можеле да паднат во вода. Каква врска имаат фактите и бројките и рационалниот ум, кога срцето вели поинаку? 
 
Како што секогаш сакаме да ви даваме совет, еве уште еден. Препуштете и се на внатрешната сила, на оној другиот глас длабоко во вас, и на неговите желби. Едноставно, некои работи или ги прифаќаме или не. Повторно се потсетувате дека сте само човек, со емоции кои во различна околина различно реагираат. Кога сте во автомобил каков што е Alfa Romeo Giulietta, емоциите се нагласени. Си велите, тоа е тоа. 
 
Една Alfa за мене, молам! Автомобилот навистина има што да понуди, во секоја смисла. Едноставно, со пари, навистина може да се купат работи кои ви причинуват задоволство. Giulietta е навистина посебна. Со Giulietta не е проблем да бидете различни. Тоа доаѓа во пакет, како сериска опрема е. 

Alfa Romeo Giulietta
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Mi se dopagja ovaa Alfa ama imam strav da ja kupam. Ke treba vecno da ja cuvam.
Напишан од Zoki  пред  околу 71 месеци
OVA E UBAVO SAMO E PRESOLENA ZA ODRZUVANJE.SAKAV DA KAZAM NE PREFERIRAM ITALIJANSKI AVTOMOBIL
Напишан од SKAPO ZA ODRZUVANJE  пред  околу 71 месеци
ole veli deka se ubavi kolite ajde xao utre ke zboruvame ajde xao
Напишан од olivera stojanoska  пред  околу 75 месеци
Alfa for ever...i prvoto ferrari e napraveno od ALFA!!
Напишан од Borce-FIat  пред  околу 75 месеци
VW For Ever ... GOLF GTi ... :P
Напишан од eme  пред  околу 76 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 11
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил