Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новиот Audi A6!
 
Spodeli
01 декември 2010, 19:36


Новиот Audi A6! Audi A6 Новиот Audi A6!
Неговото величество – новиот А6. Личи малку на А4, повеќе на А8... Ова е потполно новиот А6 на Audi, модел кој го дополнува семејството на Audi во кое сите модели имаат многу заеднички работи. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со димензии од 4,92 метри должина, 1,87 метри ширина 1,46 метри висина, автомобилот кој е многу популарен и на нашиот пазар, како главни конкренти секако ги има Mercedes E-class и на BMW Серија 5. 
 
Од Audi изјавија дека на овој модел е работено многу на смалување на целокупната маса на возилото со што и потрошувачката е намалена. Повеќе од 20% од користените материјали се изработени од алуминиум, со што е во голема мера намалена масата на автомобилот. Исто така и потрошувачката е намалена за околу 19% за разлика од претходникот.
 
 
Продажбата на А6 се очекува да започне на почетокот на идната година кога ќе бидат понудени два бензински и два дизел мотори. Во понуда и погонот на сите четири тркала Quattro, како и шест-степен рачен менувач, континуирано варијабилен пренос и седум-степен автоматски менувач со две спојки – S-tronic.
 
Бензинските агрегати се еден 2.8 литарски со 204 КС, како и помоќниот 3.0 литарски ТFSI V6 мотор со 300 КС. Од понудата на дизел мотори тука е основниот 2.0 со 177 КС како и двата 3.0 V6 со 204, односно 245 КС. Основниот 2.8 забрзува од 0 до 100 km/h за 7,7 секунди додека основниот дизел за една секунда повеќе. Најмоќниот бензинец за 5,5 секунди забрзува од 0 до 100 km/h, додека најмоќниот дизел мотор тоа го прави за 6,1 секунда. 
 
 
Според информациите, комбинираната потрошувачка на бензинците би требало да биде од 7,1 до 8,2 l/100km, додека дизел моторите се поштедливи и нивната комбинирана потрошувачка треба да изнесува од 5,2 до 6,0 l/100km.
 
Од Audi најавија дека наскоро во продажба ќе биде и хибридната A6, која ќе го користи 2.0 литарскиот TFSI мотор кој ни е познат од VW Golf GTI кој развива 211 КС, како и електромоторот со моќност од 45 КС. Литиум-јонската батерија ќе биде со капацитет од 1,3 kWh. Audi изјави дека овој хибриден модел само на електрична енергија може да постигне брзина од 100 km/h додека со брзина од 60 km/h може да се поминат 3 километри. Хибридната A6-ка забрзува од 0 до 100 km/h за 7,3 секунди, постигнува максимална брзина од 238 km/h додека просечно троши 7,3 l/100km.
 
Цената за новиот Audi A6 сега за сега останува непозната.

Audi A6
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Еј ти " fordst " ! Овој Лупчо изгледа ти има е..... о цела фамилија , исто како што ти му изнакажа на него ?! Инаку не можам на друг начин да те разберам !
Напишан од Шизик  пред  околу 75 месеци
znak za raspoznavanje, samo uste da mozevme da gi raspoznaeme
Напишан од kr kr kr  пред  околу 77 месеци
kaj luksuzen brend kako audi dizajnot e znak za raspoznavanje,na kraj kraista audi e evropski auto,za razlika od amerkancite kaj koi sekoj nov auto e kompletno razlicen od prethodniot evropskite se druga prikazna,posebno audi
Напишан од catpat  пред  околу 77 месеци
Samo jas dozivuvam déjà vu na sekoja promocija na "nov" model na Audi ili do niv e ?!!
Напишан од hahahah  пред  околу 77 месеци
strasno nesto e ovaaa podobro ne moze da bide ne mu e ramna nitu bmw 5,nitu mercedes e-class nisto ovaa e strasno bravo audi samo napreddddd
Напишан од reprezent  пред  околу 77 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 9
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил