Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
 
Spodeli
26 ноември 2010, 15:55


Квалитет или квантитет?  Квалитет или квантитет?
Претходниот текст за падот на продажбата на Toyota, а зголемување на продажбата на KIA/Hyundai, не провоцира да отвориме една тема, за која малку се зборува, а е многу битна....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Квантитетот и квалитетот на автомобилите. Одат ли тие заедно? Како да знам што е добар автомобил за мене?
 
Почетна точка за анализа веројатно се целите - некој сака да биде најпродаван, некој да биде најдобар, некој најбрз, најудобен. Или, поточно, секако дека секој сака да биде најпродаван (и нели да заработи највеќе, бидејќи сепак се работи за бизнис), но различни се пристапите на сите компании во однос на долгорочните загуби што би ги претпеле бркајќи висока продажба.
 
Освен кај случајот кај Toyota, за Honda и Mazda на пример бројки за голема продажба и не се толку приоритетни, колку што е побитно да се задоволат корпоративните цели  - да се произведат максимално добри и квалитетни автомобили и завземање на врвот според квалитет, а не по број на продадени возила. 
 
Квалитетот и квантитетот не одат заедно – или ќе се направат помалку (неколку милиони годишно), ама многу добри автомобили, како што тоа го прават Honda и Mazda на пример, или ќе се прават многу возила на обем, полесно ќе се достигне пониска цена, и полесно ќе се достигне повисока продажба, но ќе се јави еден голем проблем тука.... 
 
Компромисот при бркањето на обемно производство и продажба во голема мера гарантира намалување на квалитет на автомобилот, стратегија која што ја применуваат KIA/Hyundai и Chevrolet секако, и веројатно заради која и Toyota има проблеми со дефекти. Многу е јасно и логично, дека колку повеќе се насочи енергијата кон помалку нешта, толку тие нешта добиваат повеќе внимание (и квалитет секако), и обратно. Колку повеќе се расплинува енергијата, толку повеќе секое од поединечните нешта што ќе произлезат се помалку квалитетни. Тоа е така заради времето кое ќе се посвети на развој, производствениот процес итн. Едно е сигурно, дека ништо не е случајно.  Квантитетот секогаш го намалува квалитетот.
 
Под квалитет тука, не подразбираме само доверливост, односно истрајност (атрибут кој го има Hyundai и под чие закрило промовира квалитет), туку целосен квалитет што автомобилот го нуди – добар компромис помеѓу перформанси и ниска потрошувачка, добар компромис помеѓу удобност и возна динамика, просторна понуда, ергономија, а најмногу од се – ПРЕФИНЕТОСТ. Тоа е тоа за што се плаќаат парите за добар автомобил, и што го има секоја Honda, Mazda, Toyota, VW… а што во никој случај го немаат ниту Hyundai ниту Kia ниту Chevrolet... како модели кои конкурираат и продаваат автомобили благодарение на ниски цени. Не беше така далеку кога Daewoo Tico беше најпродаван автомобил во Македонија. Дали тоа значи дека тоа е најдобар автомобил? Апсолутно НЕ. 
 
Репер за најдобар  автомобил не може да биде ниту европскиот пазар, ниту американскиот, ниту јапонскиот, ниту сега кинескиот пазар... Секаде важат разни критериуми, разни барања на купувачите, различна куповна моќ, и секако разни продажни трикови. 
 
Репер сте самите вие купувачи, и вашето внатрешно чувство за тоа колку некој автомобил е добар и уште побитно – колку повеќе ВАМ ви одговара. Апсолутно не мора ниту на Koli.com.mk да му верувате, ниту на пријателите, соседите, а најмалку од се на продавачот на автомобилот. Продавачот има цел да продаде автомобил, за да земе плата, и секако провизија од секој продаден автомобил. Тој не е таму за да го најде вистинскиот автомобил за Вас.
 
Одете, повозете го секој автомобил што е во финалната листа на ваш интерес и верувајте си на себе. Самите вие сте највалидниот автомобилски информатор. Прашајте го другиот во Вас дали му се допаѓа автомобилов што го возите сега. Што е добро, а што не. Ќе го добиете вистионскиот одговор. Верувајте во себе.
 
P.S. 
Добро ќе биде претходно да сте наоружани со факти. Ама факти, не мислења или впечатоци. Освен фактите, имајте и лист хартија и пенкало (или компјутер и маус, или може и лаптоп па не ви треба маус), и ставете ги сите автомобили во колони, битните критериуми во редици, и направете еден табеларен приказ. Ставајте плусови и минуси, оценки од 1 до 5... што сакате. 
 
Ќе видите дека ќе има многу поважни критериуми за Вас, отколку гратис радиото што ви го нуди продавачот, или 200 евра попуст, или бандажи, или некој билборд дека НАШИТЕ АВТОМОБИЛИ СЕ НАКВАЛИТЕТНИ ИЛИ ДОБИЛЕ НЕКОЈА НАГРАДА. Тоа се глупости. Тоа се продажните трикови на кои често паѓаат многу купувачи, и заради тоа не го добиваат автомобилот кој најмногу им одговара. 
 
Очекувајте во иднина повеќе совети од Koli.com.mk, за полесен избор за автомобил. koli.com.mk е вашиот пријател – Водич при купување на автомобил. 
 




Стари коментари
Neznam mnogu za markite Kia Chevrolet ama za Hyundai da napisite takvo nesto e toa ne vi e na mesto, posto sekoj malku upaten vo avtomobilite na Hyundai ke vi kazit edna mnogu druga prikazna. Ako ova go pravite od nekoja korist i nekako ke ve razberam, ama ako ne e taka togas razmislite malu.
Напишан од Gocale  пред  околу 78 месеци
a znaema deka moze da se tri grupi - niska (masovna), sredna i visoka pa taka i cenite i kvalitetot na samiot brend. No ne mora da znaci ako celna grupa e pogolema masa od narodot i tie koli se nekvalitetni, za parite koj se plakaat za niv vredat i toa kako. Ve molam ne bidete smesni i ne vregajte so drugi zborovi.
Напишан од smesni koli.com.mk  пред  околу 79 месеци
koli.com.mk uste ednas potvrduvate deka ste mnogu smesni i ne profesionalni, Ve molam. Pa dobro ne moze da sporeduvate i da mestate "Babi i zabi " Vi se molam. Ovie ne bile kvalitetni, a ovie drugite bile. Pa najgolemoto merilo kaj voziloto e dali vredi za parite sto si gi platil za nego i kolku vredi bez razlika koja marka e. A i da ve potcetam na toa koja kola e najubava - pa se razbira NOVATA pa bilo kakva i da e. Pa normalno sekoj brend ima celna grupa od kupuvaci, a znaema deka moze da se t
Напишан од smesni koli.com.mk  пред  околу 79 месеци
e vaka da vi kazav a go pozdravuvam batkata PEPI imam hyundai getz 1.3 i sum mn zadovolen i wv golf 4 od 1.4 go jadam kako zaebancija a golf 4 pazi dizel 1.9 mi bega nekade za 5 do 6 metri i toa na pletvar e sega drugo ke kazam koja marka e PRVA po kvalitet vo makedonija za 2010 godina. ne ti go davam odgovorot zs mozis da procitas po site internet stranici i spisanija. i sega koga ke go najdis kazimi ti mene kade se wv mercedes mmw i neznam dr so da kazam ne deka se falam ama toa e vistinata. a
Напишан од ile  пред  околу 82 месеци
e vaka da vi kazav a go pozdravuvam batkata
Напишан од ile  пред  околу 82 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 11
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Водич при купување на автомобил



 
 
 
 





Suzuki Swift


Одберете нов автомобил