Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > SUV. Рационална или психолошка одлука?
 
Spodeli
10 ноември 2010, 19:28


SUV. Рационална или психолошка одлука?  SUV. Рационална или психолошка одлука?
koli.com.mk во следниот период ќе проба да ви долови дел од предностите и недостатоците на купување на поединечни класи на автомобили. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Неодамна пишувавме за класата на мали моноволумени. Она што следно би било интересно е тврдење на некои психолози дека купувањето на SUV автомобил во држави како Македонија е повќе психолошка отколку рационална одлука.

Просечните SUV возила се долги речиси 5 метри, тежат повеќе од 2 тони и трошат во просек повеќе од  10 литри на 100 km. Сигурно повеќето би се запрашале: „Зашто некој при здрав разум би посакал ваков автомобил за низ град?“
 
SUV- кратенката од Sports Utility Vehicle во слободен превод би значело „ Спортско корисно возило“. Кај нас најчесто се користи изразот „џип“ иако нели, никако не може да се нарече така бидејќи Jeep е автомобилска марка, а не некоја класа или топ на автомобил. Се работи за популарно наречени „шминкерски SUV-ови„ на кои кратенката SUV баш и не им одговара. 
 
Малку не е најкоректно ниту во името да има термин “спортски”, бидејќи големата тежина и високиот гравитационен центар баш и не дозволуваат спортско доживување, освен можеби на автопат, и тоа при возење на прав пат. Аргументот зашто овие возила се нарекуваат спортски можеби е тоа што тие нудат погон на сите четири тркала, иако најчесто 4x4 доаѓа како дополнителна опција, која нели дополнително се доплаќа, па многу ретко, особено во Македонија се купуваат SUV со погон на сите 4 тркала.
 
Кога ќе се земе во обзир дека повеќето вакви SUV возила се продаваат со огромни фелни и ниско профилни гуми со кои не е препорачливо да се качите на тротоар,  а да не зборуваме за планирање некаков излет во планина –паѓа во вода и другиот дел од кратенката SUV – “корисно” возило. Излегува дека овие автомобили се викаат баш онака како што реално НЕ се. Интересно и необично. Ама не е битно. Тоа е бизнис. Автомобилите треба да се продаваат, па именување и на автомобилит и на класите на автомобили (што секако го наметнуваат авто-производителите) е во функцина на зголемана продажба, а не реален приказ на тоа што можат, а што не. 
 
 
Повторно се поставува прашањето за рационалноста во купување на вакво возило во урбани средини. Се чини дека тајната на популарноста на денешните SUV автомобили е во психологијата.
Една од предностите на овие возила е повисоката возачка позиција која, според психолозите дава чувство на доминација над другите, и секако престиж. Она што навистина SUV возилата го нудат е просторната понуда. 
 
Возачите од понежниот пол преферираат SUV возила поради вкоренетото мислење дека овие возила се многу побезбедни од обичните автомобили. Интересно, тоа е повеќе мит околку вистина. Со оглед на големата тежина и на физичките закони ова тврдење би било точно во случај на сообраќајна несреќа со друг, помал автомобил. Но, сепак поради високата гравитациона точка овие возила се склони кон превртување, а, заради поголемата тежина, SUV возилата и потешко запираат, факт кој често потенцијалните купувачи често го занемаруваат, а што директно е поврзано со безбедноста. 
 
Заклучок е дека многу е тешко да се најде рационалност при купување на ваков автомобил, посебно за во урбани средини, и посебно за пазар како Македонија, каде секое потрошено литро гориво вреди злато, но... Велат, купувањето на автомобил е обратно-пропорционалнo од состојбата на банкарската сметка... или може да биде и правопропорционално – колку поголем минус во банка, толку поголем автомобил.
 




Стари коментари
samo skoda yeti :-)))) najdobra cena e i normalna cena od drugite heheh neli?i kaj ke ides vo planina nikoj ne ide vo planina site ziveeat vo grad pff SUV samo za fraeri yahaaha :DDD pozz
Напишан од deko  пред  околу 78 месеци
Eeeeeee Emile bi sakal eden Discovery, Pajero, Land Cruser 120, Patrol/Patfinder i slicni ama se nema kesarica i zatoa sme seljaci i si vozime Punto, Fiesta, 206/207, Fabia, Polo i slicni, a takvo gradsko GOVEDO kako tebe koe ima kes i vozi Discovery gi ima dosta niz Makedonija.
Напишан од :-)  пред  околу 78 месеци
Одете купете Дискавери ако сакате џип, или Ц класа ако ви треба кола. Сите што сакаат SUV треба да се лечат. Сељаци од село дојдени, научени на трактор, па не им била прегледна колата. Говеда. Мрш во село!
Напишан од Емил  пред  околу 78 месеци
Abe Kreten eden D. sigurno si nekoj vampir od 60-tina godini cim C klasata ti e najsovrsenoto vozilo, ama ne si ti kriv tolku ti sece crpkata. Sigurno i Mercedesot od Zikina dinastija ti e bolji nego nekoj SUV od ponovata generacija.
Напишан од :-)  пред  околу 78 месеци
Ako imas odvisok kesh i ako sakas da se pokazes pred prijatelite ke si zemes SUV, ama nekoj poskap,za toa deka nema korist od nego ne se soglasuvam onoj koj saka pogolem bagaznik a toa da ne e karavan sekako deka ke zeme SUV,popregledni se imaat povisoka pozicija na sedenje so eden zbor ti dava cuvstvo deka si nadmoken gi gledas drugite od visoko :))
Напишан од ma4or4e BMW  пред  околу 78 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 8
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил