Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Тест > Тест: Citroen DS3 1.6 VTi Chic
 
Spodeli
19 октомври 2010, 05:56


Тест: Citroen DS3 1.6 VTi Chic Citroën DS3 Тест: Citroen DS3 1.6 VTi Chic
DS3 е првиот и најмал од трите најавени премиум модели кои носат ознака DS, a се базираат на сериските C3, C4 и C5. Во класата каде доминираат ретро елементи (Mini, Fiat 500) или исклучиво спортските линии (Alfa Mi.To), DS3 настапува со карактеристично модерен дизајн...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Всушност, ваквиот пристап донесува нова свежина во класата. Сепак, DS3 не е само градски убавец. Малиот голем Citroen е извонреден на различни полиња, донесувајќи нови вредности во класата и правејќи го најкорисниот мал премиум спортски автомобил.

Изглед

Од нервозно спортски, до сладок како лижавче

Тоа е DS3. Различни од другите – Французите секогаш имале таков пристап. Дали DS3 e спортски или елегантен? За тоа едноставно одлучува купувачот, зависно од тоа за каква комбинација ќе се одлучи – од боја на каросерија, ретровизори, ентериер, дизајн на кров, бандажи... Многу комбинации, сите привлечни на свој начин.



Сепак, главната убавина кај DS3 произлегува од неговата форма. Со перка како на ајкула и странична купе линија, но и со јасно одвоен преден и заден дел преку В столбот, DS3  изгледа како расно купе и затоа има исклучително спортска нота. Од друга страна, предниот дел со карактеристичните дневни светла од LED диоди и чистиот заден дел со стакло кое се врзува со страничните, му даваат една доза на елеганција и единственост на овој премиум Citroen.

Ентериер  – вистинско премиум чувство

Посебноста на DS3 продолжува и во ентериерот. Предната издигната конзола, со квалитетни материјали со убава текстура е изведена во две бои, секако во комбинација со надворешноста. Доминира средната лента, која е во боја, и која се протега од едниот до другиот крај, а ги вклучува динамично дизајнираните отвори за вентилација, како и кружните, спортски инструменти. Овие се надополнети со дебелиот спортски волан, засечен во долниот дел, но и со колоритен менувач кој одлично лежи во раката. Целината ја надополнуваат деталите, како што се DS3 логото на воланот, лакираната средна конзола, па дури и клучот со својот некарактеристичен дизајн... Се е префинетото, модерно и убаво. За пријатно чувство...



Ергономија – речиси перфектно зад воланот

DS3 иако наизглед прилично различен, има многу правилна форма, што допринесува за високо ниво на ергономија. Како за купе автомобил, седењето е малку повисоко. Командите се многу логично изведени, посебно оние за клима уредот, кои се големи и лесно читливи. Единствена забелешка оди на рачната сопирачка, која се наоѓа под потпирачот за рака и е малку недостапна при често ракување со неа.

Практичност/функционалност – најдобар меѓу конкурентите

Главната разлика во однос на конкурентите е токму понудениот простор. DS3 е сосема комфорен патнички автомобил, и за патниците напред, но и за тие позади. Освен тоа, DS3 е регистриран за пет патници, и тука е пред своите конкуренти во премиум класата.  Отвори за ситници има сосема доволно, а и задната клупа многу лесно се спушта, со што се отвора голем багажен простор.

Високо ниво на завршна обработка, но поевтини материјали на некои места

Евидентно е дека дизајнерите посветлите големо внимание на изгледот и квалитетот на вградените материјали, но впечаток е дека, на некои места, пластиката е тврда на допир и не одговара целосно на премиум имиџот кој го треба да носи DS3. Сепак, високото ниво на завршна обработка остава висок впечаток за квалитет, многу подобар од оној кај Mini на пример.

Комфор

Најудобен мал премиум автомобил

Citroen DS3, иако со намера да биде спортски, не бега од корените на матичната компанија – а тоа е да се биде максимално удобен. Споредено со кој и да било друг модел од оваа нова класа на мали премиум автомобили, DS3 е свиленкасто удобен, посебно на отворен пат, каде не пренесува вибрации и возењето го прави многу пријатно. Единствено, во внатрешноста се чувствуваат поголемите дупки. На ова се надополнуваат и седиштата, кои се доволно удобни и за подолги патувања, иако е забележлива послаба странична поддршка. Токму тоа можеби најмногу ја издава идејата на производителот – DS3 да не биде само мал спортски автомобил, туку да нуди  комбинација на спортско уживање во удобна околина.

Звучна изолација – премиум тивок

Тука инженерите обрнале големо внимание. Моторот е одлично придушен и се слуша само на повисоките вртежи, односно тогаш кога треба – за спортско уживање. А, звук од ветерот и гумите не е присутен ниту на многу високи брзини, што е некарактеристично за вака мал автомобил и секако оди во прилог на пријатно возење.

Изненадувачки прегледен

Доколку подобро се погледне дизајнот на DS3, ќе се види дека во основа има правилни линии, кои придонесуваат за солидната прегледност. Дури и високо поставеното задно стакло не претставува поголем проблем при паркирање.

Простор

Напред – извонредно многу простор
На предните седишта е како во купе – исклучително пространо. Ова пред се може да и се припише на предната конзола, која а изведена повисоко отколку кај другите автомобили, што во големо ослободува простор за нозете и колената.

Назад – најпростран во класата

Назад секако не е широко како во С3, но не е ниту тесно. Главен адут на DS3 против конкурентите е токму просторот на задната клупа. Иако регистрирана за тројца, задната клупа без никаков проблем комфорно ќе прими двајца возрасни патници. Големите стаклени површини (со оглед на класата), дополнително визуелно го зголемуваат просторот.

Багажник – убедливо најголем меѓу малите премиум автомобили
Главната болка на скоро сите премиум мали автомобили е големината на багажникот. DS3 токму тука брилира – има 285 литри багажен простор, со кои може да засрами дури и некои модели од ниската класа! Багажникот има правилна форма и е целосно употреблив, што дополнително ја зголемува неговата функционалност.

Возни својства

Доволно прецизно и директно управување

Иако не е како кај најдобрите во класата (Mini, Mi.To), управувањето кај DS3 е доволно директно и прецизно за да го внесе возачот во уживањето.

Одлична возна динамика, високо ниво на стабилност на повисоки брзини

И покрај тоа што е помек од конкурентите, DS3 не заостанува многу кога е во прашање динамиката во возењето. Доволно е агилен за потесните свиоци и доволно стабилен на повисоки брзини. Можеби малку порано доаѓа до подуправливост отколку кај Mini, но DS3 лесно се контролира, а тука се и системите за контрола на тракцијата и стабилноста, кои во големо помагаат за да се задржи саканиот правец.



Солидни перформанси, но за спортско возење вистинскиот избор е турбо бензинецот

Атмосферскиот бензинец, со зафатнина од 1,6 литри и 120 КС, е добар избор за DS3, но само ако не се бара премногу од него. Доволно добро повлекува уште од ниските вртежи, а е застанува ни до црвеното поле, кога спремно потегнува напред. Она што му недостасува е поголема еластичност во повисоките степени на пренос, споредено со турбо бензинците, пред се поради вртежниот момент од 160 Nm, кој е достапен на релативно високи 4.250 вртежи во минута.

Фабричките податоци велат дека забрзувањето до стотка трае 8,9 секунди, а максималната брзина изнесува 190 km/h. Иако не се екстремно спортски, перформансите се респектабилни и дозволуваат делумна забава на кривулестите патишта, особено ако моторот се држи во повисок режим на вртежи.

За порелаксирано и поекономично возење, препорака е секако 1,6 HDI дизелот со 110 КС, кој одлично повлекува од пониски вртежи и е исклучително еластичен. За сите кои се гладни по перформанси, секако препорака е 1,6 турбо бензинецот со 156 КС.

Просечен менувач

Забелешка и за менувачот. Не е прецизен како кај јапонските автомобили и има малку подолг од, но прифаќа побрзи промени на степените на пренос и може да задоволи при спортско возење.

Вредност

Цена/Опрема

Моделот кој го имавме на тест, со 1,6 VTi бензински мотор со 120 КС и Chic ниво на опрема, чини 18.490 евра. Истиот вклучува исклучително богата опрема, некарактеристична за толку мал автомобил. Во превод: АBS+REF+EBD+AFU, ESP, 6 воздушни перничиња, фарови за магла, регулатор и ограничувач на брзина, хромирани вметоци на штитниците напред и на регистарската таблица, хромирани рачки и хромирана издувна цевка, волан и рачна обложени во кожа, средишен наслон за рака напред, борд компјутер, автоматски клима уред, LED светла, електрични и грејни ретровизори, висинска регулација на возачко седиште, серво управувач со висинско и длабинско подесување, електрика на предни стакла, централна брава со далечинско заклучување, радио CD+MP3 со команди на волан и USB приклучок. Тест моделот беше дополнително опремен и со специјална bi-tone боја (покрив различно обоен од другиот дел на каросеријата), 17 инчни алуминиумски тркала и внатрешен декоративен сет во боја на покривот.

Секако, и покрај богатата опрема, цената се чини висока. Точно е дека за истите пари, може да се купи модел од компактната класа, на пример богато опремен С4. Сепак, DS3 е премиум автомобил, со безгранични можности за персонализација, што секој примерок го прават уникатен.

На пример, за покривот различни дизајни, од еднобојни до шарени, (истите по желба на сопственикот можe да се менуваат по одредено време). Истото може да се прави и со ретровизорите, а има и голем избор на различни алуминиумски бандажи. Внатрешноста исто така може да се персонализира, преку изборот на декоративен сет во многу различни бои. За трендсетерите и модерните, ова е и тоа како важно.



Потрошувачка – респектабилна со оглед на силата на моторот

Според фабричките податоци, DS3 може да се задоволи со просечна потрошувачка на гориво од 5,9 литри на 100 km, односно 7,9 во град и 4,8 литри на отворено. Нормално, реалните бројки се разликуваат, па возилото кое го имавме на тест покажа потрошувачка од околу 9,4 литри во град, односно на отворено:

-    5 литри на 100 km при брзина од 80 km/h
-    5,8 литри на 100 km при брзина од 100 km/h
-    7 литри на 100 km при брзина од 120 km/h
-    10,6 литри на 100 km при брзина од 140 km/h

Во превод, просечната потрошувачка би изнесувала околу 7,5 литри, што е респектабилен резултат за бензински мотор со 120 КС и за перформансите кои DS3 го нуди.

Безбедност

DS3 доби чисти пет ѕвездички на новите, построги тестирања на EuroNCAP, што и не е изненадување, особено поради исклучително богатата сериска опрема за безбедноста, која вклучува цел сет активни контроли на стабилноста (АBS+REF+EBD+AFU и ESP), како и 6 воздушни перничиња.



За кого е овој автомобил?

Нормално, препораката ќе оди за сите оние кои сакаат тренди и уникатен премиум модел, и секако мал, градски и економичен автомобил. Но, приказната кај DS3 не е толку едноставна. Впрочем, истото го нудат речиси сите конкуренти... Но,

Она што е посебно за DS3, а што го нема ниту еден друг конкурент, е вистинската функционалност на автомобилот. На пример, Mini е добар само за возачот, но е многу неудобен, Mi.To не е доволно комфорен на задната клупа, iQ е ограничен на три вистински места за седење и нема багажник... Кај DS3 нема компромиси – внатрешноста е доволно пространа за четири возрасни патници, багажникот е со одлична големина, а возењето е доволно удобно и исклучително тивко.

Секако, забавата во возењето нема да биде на нивото кое можат да го понудат Mini и MiTo, но реално, DS3 никој и нема да го вози на патека и да брка времиња или најбрзи кругови. За повремени излети на кривулести патишта, за качување до Средно (Водно) во тркачки стил и за повисоки брзински просеци на автопат, DS3 е и повеќе од добар и целосно ќе ги задоволи сите вљубеници во динамичното и спортско возење.

За оние кои ги бараат единствените карактеристики на DS3, високата цена и не треба да биде пречка, особено што ниту конкуренцијата не е поевтина, напротив. А ниту еден друг модел нема да може да ги понуди високите можности за персонализација, кои издвојуваат од толпата.

Предности:

-    Исклучително модерен, спортски, елегантен и унисекс дизајн
-    Одличен компромис меѓу возните својства и удобноста
-    Одлично дизајнирана внатрешност, со премиум чувство
-    Големи можности за персонализација
-    Најмногу простор од сите модели во класата
-    Голем багажник од 285 литри
-    Солидна практичност и функционалност
-    Одлична звучна изолација
-    Добра прегледност
-    Високо ниво на стандардна и дополнителна опрема


Недостатоци:


-    Висока цена
-    Моторот не е доволно еластичен во понискиот регион на вртежи
-    Менувачот не е најпрецизен
-    Рачната кочница е тешко достапна
-    На седиштата им недостасува малку подобра странична поддршка


Citroën DS3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Pa ova ne ke da e premium vozilo - tolku plastika na edno mesto ne sum videl....
Напишан од Kriko  пред  околу 77 месеци
Имате ГРЕШКА во перформасите. Значи колата има забрзување од 0-100км/h за 9.9s, а не 8.9.
Напишан од trajce  пред  околу 77 месеци
Имате ГРЕШКА во перформасите. Значи колата има забрзување од 0-100км/h за 9.9s, а не 8.9.
Напишан од trajce  пред  околу 77 месеци
Имате ГРЕШКА во перформасите. Значи колата има забрзување од 0-100км/h за 9.9s, а не 8.9.
Напишан од trajce  пред  околу 77 месеци
Eve za nepismenite kako MERKLIJA, a ako neznaes angliski, togas ke ti dostavam i prevod na istoto na koj sakas jazik. http://www.zercustoms.com/news/Mercedes-Renault-Nissan-partnership.html
Напишан од Riki  пред  околу 79 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 19
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тест



 
 
 
 






Одберете нов автомобил