Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Дами и Господа, новиот VW Passat!
 
Spodeli
30 септември 2010, 05:00

Дами и Господа, новиот VW Passat! Volkswagen Passat - old Дами и Господа, новиот VW Passat!
Како и што се очекуваше, на саемот во Париз, Volkswagen го претстави новиот Passat, кој доаѓа со нов дизајн и подновена моторизација, кои треба да го задржат на првото место во класата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Седмата генерација на најпопуларниот модел од средната класа во Европа, се карактеризира со нов, покарактеристичен дизајн, кој сега многу наликува на оној на Phaeton. Промените придонесоа за многу поелегантен и почист изглед, со кој Passat сега изгледа како модел од премиум сегментот. Чистината во линиите, карактеристична за Volkswagen, се гледа во секој дел од автомобилот – од предната маска, преку страничниот, до задниот дел. Можеби за некои и помалку ладно, но ова е несомнено дизајн кој ќе трае.

Внатрешноста претрпе најмалку измени во однос на претходникот. Секако, зголемен е квалитетот на материјалите, има повеќе простор и на предната и на задната клупа, но дизајнот на предната конзола е во најмала рака ист како на претходникот, со некои измени како кај Passat CC моделот. Ова секако не е лоша работа – актуелниот Passat, иако на заминување, се уште ги освојува купувачите со својата елегантна, современа и класично изведена внатрешност.

Надворешните димензии се благо променето во однос на актуелниот модел. Новиот Passat е подолг и поширок, односно брои 4,77 метри во должина и 1,82 во ширина. Висината не е менувана, со цел постигнување на поробусен и поспортски дизајн, како кај седанот, така и кај караванот.

Најголем напредок кај новиот Passat е постигнат кај потрошувачката и емисијата на издувни гасови. Сите девет мотори во понудата, нудат подобри перформанси и пониска потрошувачка од своите претходници.
Понудата ќе ја сочинуваат четири бензинци, 1.4 TSI со 122 КС, 1.8 TSI со 160 КС, 2.0 TSI со 211 КС и 3.0 V6 моторот со 300 КС (само во верзија со погон на сите тркала, 4Motion). Сите мотори ги карактеризира многу пониска потрошувачка – основниот бензинец троши извонредно ниски 5,8 литри на 100 km! Дури и моторот со 211 КС го карактеризира потрошувачка од само 7,2 литри на 100 km!

Понатаму, во понудата влегуваат и три дизели, почнувајќи од 1.6 TDI со 105 КС, преку 2.0 TDI со 140 и 170 КС. Основниот дизел е посебно штедлив – троши 4,2 литри на 100 km во просек! На западните пазари, ќе се нудат и 1,4 TSI мотор со 150 КС и погон на природен гас, односно 1,4 TSI со 160 КС и можност за движење на гориво со 85% етанол.

Сите овие подобрувања во однос на потрошувачката, се постигнати благодарение на подобрената аеродинамика во однос на претходникот и стандардните Stop&Start систем и систем за регенерација на енергијата при кочењето, кои се испорачуваат со сите мотори.

Дека Volkswagen внимавал и на спортски расположените возачи, кажува и XDS диференцијалот, кој е преземен од GTI моделот на Golf. Овој ќе се испорачува со моторот со 211 КС, а ќе го намали пролизгувањето на предните тркала при излез од кривина, со што во големо ја елиминира подуправливоста (бегањето кон надворешниот дел од свиокот), карактеристична за возилата со преден погон.

Новиот Passat, со продажба би требал да почне пред крајот на оваа година, кога очекуваме да го видиме и на нашиот пазар. Уште во почеток понудата ќе ја сочинуваат двете карактеристични изведби – седанот и караванот “Variant”. Цените се очекува да се благо повисоки во однос на актуелниот модел.

Volkswagen Passat - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео

Стари коментари
prvo ne sum Goran ama vaka ke ti recam,Ova mi e posleden pat sto go pisuvam i sto ti repliciram pa zatoa mozes da pises sto sakas (jas nema da go vidam) vtoro nemam ni sestra ni brat,a treto da dade gospod da umres u pasatov!!! pozdrav
Напишан од pezo the best  пред  околу 70 месеци
prvo ne sum Goran ama vaka ke ti recam,Ova mi e posleden pat sto go pisuvam i sto ti repliciram pa zatoa mozes da pises sto sakas (jas nema da go vidam) vtoro nemam ni sestra ni brat,a treto da dade gospod da umres u pasatov!!! pozdrav
Напишан од pezo the best  пред  околу 75 месеци

КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 44
 
Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет

Одберете нов автомобил