website hit counter koli.com.mk
Насловна - > Новости

Новости  

Прочитајте што е ново во светот на автомобилите.
Сите автомобили на едно место



31.10.2008
Рекорд: 1.689.7 km поминати со еден резервоар на Peugeot 308
Категoрија: Peugeot



Овој единствен резултат остварен е со само еден резервоар на гориво. Со тоа Peugeot 308 1.6HDi ја докажа својата штедливост, но и ниската емисија на СО2. Акцијата е изведена во Јужноафриканската република.

Peugeot 308 1.6 HDi (109 KS, 240 Nm) со рачен 6-степен менувач поставил нов рекорд, поминувајќи 1689.7 километри само со еден резервоар гориво. За време на оваа акција, автомобилот во просек трошел по 3.41 литри на 100 километри, на рутата од западниот до источниот брег на Јужноафриканската Република, од Клеинзе до Умхлаг.

Peugeot одлучи да ја истакне и еколошката страна во акцијата 308 Coast2Coast, со садење на Orange фармата, јужно од Јоханесбург, број на стебла кој одговара на количеството на СО2 кој го емитирал автомобилот на пројдениот пат. Според фабричките податоци, Peugeot 308 1.6 HDi (109) со рачен менувач со 6 степени на пренос има просечна емисија на СО2 од 125 g/km.  

Peugeot 308 од акцијата 308 Coast2Coast ќе биде изложен на изложбениот прост на Peugeot, на саемот на автомобили во Јоханесбург кој се одржува на од 20 октомври до 9 ноември 2008 година.