дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën C3 > Краток опис за моделот
Citroën C3 Citroën C3
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 9890
веќе од 164 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Модерен израз, но и традиционални француски comfort-first вредности

Со храбар надворешен дизајн и минималистички пристап во ентериерот, дополнет со шик детали и интересен избор на материјали, C3 е вистинско озвежување во класата која е обожувана во Македонија - доволно мал за скопските гужви, и доволно голем да собере 5 патника и багаж, а секако со достапна цена и задоволувачка опрема.


Продолжувајќи го новиот Citroen-овски визуелен израз прв пат преставен кај C4 Cactus, C3 е истовремено свој и привлечен.

Tаканаречените Airbumps - стилски дизајнирани елементи кои истовремено ја заштитуваат каросеријата и му даваат посебен карактер на автомобилот, освен заштита, нудат и уникатен изглед, а 36те комбинации со различни бои на каросерија, кров, ретровизори и други детали, само го надополнуваат моментот на персонализација што модерниот купувач го бара.

Новиот C3 на располагање има 3 PureTech бензиски од најнова генерација и 2 ефикасни и прецизни BlueHDi дизел мотори. 82, 100 и 110 КС за бензидките и 75 и 100 КС за HDI моторите, доволни за потребите на градско возење.

За градски услови, моторот со 82 КС ги задоволува потребите, но за возење на отворено, при повисоки брзини, секако препорака е посилен дизел мотор, особено тој со 6 степени на пренос

C3 уште еднаш покажува дека удобноста при возењето мора да биде приоритет. Конструиран во духот на традиционалните француски возни карактеристики, да биде мек и удобен, C3 едноставно плови по патот. Одговорот на управувачот не е така директен, што значи дека динамичките возни својства овојпат се ставени во втор план.

Главни инженерски подобрувања во однос на подвозјето се однесуваат на тоа како C3 се справува со малите нерамини. Сега, проаѓа многу подобро преку нив, онака, суверено, како да се работи за поголем и потежок автомобил. 

Напредок во однос на рафинираноста е очигледен. C3 пријатно изненадува - ќе имате пријатно чувство користејќи било која команда. Во комбинација со интересниот ентериер и материјалите што се користат, постигнат е голем чекор напред, едноставно, немате чувство дека се возите во автомобил од 10-11.000 Евра. 

Иако мал однадвор, во ентериерот сосема комотно ќе се чувствуаат патниците, посебно оние напред. И просторот за одлагање на ситници е интелигенто дизајниран, а за тоа од голема помош е едноставниот и рационален дизајн на ентериерот, со прави форми и линии. 

Багажникот (300l) е поголем во однос на најголемите конкуренти. Ако има вистински недостаток кај C3, тоа е недостаток на простор по висина на задните седишта.

Дизајнот на кокпитот е вистинско освежување, со меки лини и ретро израз. Едноставен, модерен пристап, со малку копчиња, и многу команди на моделите си touch screen. 

Дизајнирана според програмата Citroën Advanced Comfort®, едноделна и прочистена архитектура на командата табла нуди едноставен контакт до сите елементи во патничкиот простор. Командната табла се истакнува со својата ергономичност на командите и интуитивна примена на таблетот осетлив на допир, целосно интегриран во средишниот дел од таблата.

Седиштата се одлични, широки и комотни, и со доволно флексибилност во однос на подесувањата и на самите седишта, но и на управувачот, што значи дека ќе биде комотно за различни возачи, со различни предиспозиции. Новиот C3 нуди и беспрекорен комфор во потпирањето и изолација која се вбројува помеѓу најдобрите на пазарот.

Во однос на потрошувачката, веќе проверениот PureTech 82 КС во град може да вози и со реални 7 литри, додека на отворено, при помали брзини, до кај 70-80 Km/h ја задржува ниската потрошувачка очекувана за возење на отворено, но на брзини од 120-130 Km/h, потршувачката значително расте. Сепак, се работи за автомобил кој главно се вози во град, и чиј мотор има таква намена - да понуди перформанси и ниска потрошувачка онаму каде најмногу ќе се користи. 

Она што веднаш се забележува во однос на најголемите конкуренти Polo, Fiesta или Corsa, е фактот дека C3 не се труди да биде како нив. Напротив, нуди свои и уникатни вредности. Освен што е многу комфорен и практичен, се чини дека патот до младите и шик купувачи е токму моментот дека е различен, и секако убав. Наликува на премиум модел од ниската класа. Дизајниран со едноставни линии, да биде сладок и модерен, но и доволно лут. Замислете го со поголеми тркала и веќе имате мал спортист. Барем однадвор. Доаѓа во каросериска изведба со 5 врати, и се уште изгледа секси како купе со 3 врати. 

Новиот C3 се уште не е тестиран од EuroNCAP, безбедноста повеќе се однесува на многубројните безбедносни системи што ги има автомобилот. C3 располага со многу од нив, а особено за истакнување е пакетот за сигурност, но и ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање - сите уште во првото ниво на опрема. 

 

ОПРЕМА

Карактеристика што го издвојува C3 секако е “ConnectedCam” опцијата, која може да служи за постирање на фотографии на social media, или, уште покорисно, чува податоци за 30 секунди пред и 60 секунди по судир со друго возило, што може да помогне во подоцнежната истрага. Камерата е позиционирана зад средниот редтровизор, и има висока резолуција.

C3 може да се пофали дека уште од првото ниво на опрама, има завидна опрема, а она што е за издвојување е пакет за сигурност: (AFIL, Coffee Break Alert, систем за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина, предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија), ситеми кои во оваа класа, во првото ниво на опрема, единствено ги има кај C3. 

 

LIVE

  • ABS + REF + AFU + ESP системи за безбедно сопирање,
  • Помош при тргнување на нагорнина,
  • Воздушни перничиња за возач и совозач,
  • Странични воздушни перничиња и завеси,
  • Isofix прицврстување на детско седиште,
  • Централно заклучување со далечинско,
  • Приклучок 12V,
  • Светло во багажниот простор,
  • Серво управувач,
  • Куќишта на ретровизорите во црна мат боја,
  • Сензор за издишани пневматици,
  • Индикатор за температура на моторот,
  • Делива клупа назад 2/3 со 1/3,
  • Висинско прилагодување на возачко седиште,
  • Резервно тркало 15″,
  • Темпомат со ограничувач на брзина,
  • Часовник и индикатор на надворешната температура,
  • Пакет сигурност: (AFIL систем за предупредување за ненамерно преминување на коловозната линија, Coffee Break Alert, систем за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзина),
  • Патен компјутер,
  • Тонирани стакла,
  • Индикатор за непоставен сигурносен ремен,
  • Пневматици 185/65 R15T,
  • Висинско и длабинско подесување на воланот,
  • Раткапни 15 CLIC,
  • Поставување на седиштата Myca Grey,
  • Рачки на вратите во мат црна боја,
  • Електрика на предни стакла,
  • Бришач на задно стакло,
  • Автоматско заклучување на вратите и багажникот при стартување на возилото (автоматско исклучување во случај на несреќа),
  • Припрема за радио (антена + кабли за 2 звучника),
  • Пиротехнички ремени со ограничување на силата,
  • Прегради во предните и задните врати,
  • Задни светла со 3D ефект

 

FEEL
ја содржи опремата LIVE и дополнително:

  • Лајсна на командната табла во црна сјајна боја,
  • Клима уред,
  • Ретровизори со грејачи на огледала,
  • Капаци на ретровизорите во црна сјајна боја,
  • Подолжна украсна лајсна под каросерија,
  • Раткапни 15“ ARROW,
  • Дневни светла со LED,
  • Радио MP3 со Bluetooth и приклучок USB, AUX,
  • Рачки на надворешните врати и капаци на ретровизорите во црна сјајна боја,
  • Хром сатен лајсна на воланот,
  • Пневматици 195/65 R15T

     

SHINE
ја содржи опремата FEEL и дополнително:

  • Предни светла за магла,
  • Помош при паркирање назад,
  • Airbump® Black,
  • CITROËN Connect Радио на 7“ екран чувствителен на допир, Mirror Screen,
  • Автоматски клима уред,
  • Надворешни ретровизори во црна сјајна боја,
  • Надворешни украсни лајсни во црна сјајна боја,
  • Раткапни 3D Steel & Style 16“,
  • Електрика на стакла напред и назад со заштита од приклештување,
  • Пакет Видливост: (автоматско вклучување на светла, автоматски предни бришачи на ветробранско стакло, самозатемнувачки внатрешен ретровизор),
  • Битон покрив,
  • Менувач во кожа,
  • Волан во кожа

 

ПРЕДНОСТИ
• Супер комфорно возење
• Задоволителна опрема во однос на цената
• Ниска потрошувачка на 1.2 бензискиот и сите дизел мотори
• Модерен, премиум дизајн, и надворешен, и во однос на ентериерот
• Интересни материјали во внатрешноста
• Пакет за безбедност уште во прво ниво на опрема
• Напредни опции како “ConnectedCam”
НЕДОСТАТОЦИ
• Меката суспензија не дозволува екстремно динамичко возење.
• Недостаток на простор по висина на задните седишта


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën C3  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Polo
 
Volkswagen Polo
10990 - 21275
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Seat Ibiza
 
Seat Ibiza
12374 - 22574
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Ниска класа
 
Dacia Sandero7650 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta9600 €
Great Wall Voleex C10 8200 €
KIA Rio9990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa9930 €
Peugeot 20811489 €
Renault Clio11215 €
Seat Ibiza12374 €
Škoda Fabia9160 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift10790 €
Toyota Yaris10590 €
Volkswagen Polo10990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo Furgon Berlingo Multispace
C - Elysee C1
C3 C3 Picasso
C4 - Cactus C4 - нова гама
C4 Grand Picasso C4 Picasso - 2014
C5 DS3
DS4 DS5
Jumper Jumper Combi
Jumpy Jumpy Multispace
Nemo Nemo Multispace



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook