дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Suzuki > Suzuki Baleno > Краток опис за моделот
Suzuki Baleno Suzuki Baleno
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11490
веќе од 191 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,1
Изглед
4
Перформанси
4
Возна динамика
4
Зад управувачот
5
Удобност
4,5
Простор и практичност
4,5
Квалитет и доверливост
5
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
7,7
Безбедност и сигурност
6
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Градски шармер со гени на модел од повисоката класа

Јапонскиот Suzuki дефинитивно стана специјалист за правење на мали, допадливи и функционални градски автомобили. По компактните SUV модели Vitara и SX4 S-Cross, сега тие имаат два натпреварувачи и во ниската класа – Swift и Baleno. Овој вториот се чини како особено интересен за нашите купувачи, бидејќи нуди досега невидени нивоа на комфор за класата, богата опрема, штедливи мотори и исклучително ниска цена.


Уште при првото влегување во кабината се забележува дека конкуренцијата е победена – Baleno има многу простор и на предните и на задните седишта, повеќе и од многу модели од повисоката класа на компакти. Багажникот исто така брои одлични 355 литри, што е на границата на компактната класа. Исто така, со спуштањето на задните седишта се добива целосно рамен под, додека низ кабината има мноштво места за одлагање ситници.

Комфорот на сите патници тука не значел одземање данок на ергономијата на возачот, кој лесно може да ја пронајде идеалната позиција. Командите се одлично поставени, додека мултимедијалниот систем со дисплеј на допир е еден од најдобрите во класата и е многу лесен и интуитивен за користење.

Благодарение на новата супер лесна платформа, Baleno тежи само 940 килограми (кај основниот модел со 1,2 мотор), што има големо влијание на намалувањето на потрошувачката. Иако се достапни само бензински мотори и еден благ хибрид, тоа не би требало да ги загрижи купувачите, бидејќи основниот 1,2 литарски мотор се задоволува со само 5,3 литри во град (4,7 литри за хибридот), додека турбо бензинецот троши само некој децилитар повеќе.

Сето ова не е постигнато на перформансите – 1,2 литарскиот бензинец е сосем адекватен за градски услови и добро потегнува од пониските вртежи, додека Boosterjet турбо бензинецот знае и добро да ве залепи за седиштето, постигнувајќи респектабилни 200 km/h! Сето ова е надополнето и со прилично стабилно држење на патот, иако мора да признаеме дека Baleno не е особено агилен како некои од поспортски настроените конкуренти.

Затоа пак удобноста е на многу високо ниво – суспензијата се чини како да е специјално подесена за нашите патишта и одлично ги впива дупките. Моторите исто така работат без многу вибрации и се прилично тивки, иако на отворен пат се слуша малку повеќе звук од ветерот и гумите, што е веројатно резултат на намалувањето на масата.

Сите овие позитивни карактеристики на Baleno доаѓаат по исклучително ниска цена, особено ако во равенката се стави моќноста на основниот бензинец и исклучително богатата опрема. Реномето на Suzuki ветува дека Baleno ќе биде и исклучително доверлив автомобил, а сервисот на Миркат го бие глас за квалитет и задоволство на потрошувачите. Сепак, би сакале кабината да имаше малку помека пластика на допир за полуксузно чувство, иако сме сигурни дека ќе биде долговечна... На изработката пак нема никакви замерки – се е прецизно склопено.

На крај, позитивните карактеристики на Baleno кои се како измислени за македонскиот купувач, не ни оставаат ништо друго освен да го препорачаме на сите оние кои сакаат простран, удобен и штедлив мал автомобил.

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително пространа кабина
• Голем багажник
• Практичност
• Штедливи и полетни мотори
• Високо ниво на удобност
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку поголема бучава на повисоки брзини
• Тврда пластика во внатрешноста


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Suzuki Baleno  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Polo
 
Volkswagen Polo
10990 - 21275
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Škoda Fabia
 
Škoda Fabia
9160 - 17190
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Ниска класа
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero7650 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta9600 €
Great Wall Voleex C10 8200 €
KIA Rio9990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa9930 €
Peugeot 20811489 €
Renault Clio11215 €
Seat Ibiza12374 €
Škoda Fabia9160 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift10790 €
Toyota Yaris10590 €
Volkswagen Polo10990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Suzuki

www.mirkat.com.mk

Импортер за Македонија
Миркат

Тел: 02 / 3089 - 089

Адр: Скупи br1.

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Suzuki модели
Baleno Celerio
Ignis Jimny
S-Cross Swift
Swift Sport Vitara

Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook