дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 3008 > Краток опис за моделот
Peugeot 3008 Peugeot 3008
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 22490
веќе од 374 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
0
Изглед
0
Перформанси
0
Возна динамика
0
Зад управувачот
0
Удобност
0
Простор и практичност
0
Квалитет и доверливост
0
Цена/Опрема
0
Трошоци за користење
0
Безбедност и сигурност
0
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Peugeot 3008 - Level up над другите од својата класа

Конструиран според барањата на европските купувачи, за разлика од својот претходник кој спаѓаше во класата на моноволумени, сега 3008 носи предзнак SUV


Со по 2 бензиски (1.2 со 130КС и 1.6 со 165КС) и 4 дизел мотори (1.6 со 100КС, 1.6 со 120КС, 2.0 со 150КС и GT моделот со 2.0 мотор со 180 КС), со комбинација и со автоматски менувачи, и во комбинација со 4 нивоа на опрема (Access, Active, Allure и GT), 3008 нуди широк дијапазон на опции, со што секако ќе биде во тесен финален избор на потенцијалните купувачи на секој од горенаведените модели од класата. 

Ако надворешниот изглед на автомобилот, како и од 1.2-литарскиот турбо-бензинец бевме пријатно изненадени, за ентериерот нема зборови. Дизајниран модерно и футуристички, а притоа супер-ергономичен - од Peugeot уште еднаш покажуваат дека се мајстори на авангардата. Додека конкурентските модели се мачат во просечноста (видете само како изгледа Hyundai Tuscon, како да е модел од пред 10 години), или пак Audi Q2, кој сака да биде премиум SUV а не е ништо повеќе премиум од 3008, ќе се уверите колку Peugeot 3008 e различен и свој, и секако убав. 

Во однос на возните карактеристики, 3008, со 22cm растојание од попдлогата, се однесува онака како што очекуваме, како и другите SUV во класата, дури и најдобрите, Toyota RAV4 или Honda CRV. Малку потврдото возење и вертикалните вибрации се чувствуваат, но тоа е цената на SUV каросеријата. 

Она за што се уште ќе треба да почекаме е 4x4 погон, кој е најавен за наредната година. 

3008 е приказна за себе. Не само дизајнот однадвор, погледнете го ентериерот, влезете, седнете... Ќе се почуствувате поинаку, изгледа како другите да се обични, а овој Peugeot да е премиум. 

Модерен и футуристички на прв поглед, со необични и префинети материјали, и со уникатни дизајнерски елементи, 3008 е чекор пред другите. Само видете ја графиката на дисплејот и веднаш ќе се согласите дека овој автомобил е level up. И на волан ќе го чуствувате добро, управлив и директен, немате чувство дека возите толку голем автомобил. 

3008 е пријатно освежување во класата на SUV моделите. Гарантирано му стои светла иднина. Затоа главни негови конкуренти се повеќе премиум моделите со слични димензии, како на пример BMW X1, Audi Q3 итн.
 

ОПРЕМА

3008 ACCESS

  • ABS - Систем против пролизгување
  • CDS -Динамичка контрола на стабилност
  • ASR – Електронска контрола против пролизгување
  • AFU - Помош при нагло сопирање
  • REF - Електронска распределба на силата на кочење
  • DAA1 - Предупредување за предолго возење
  • Препознавање на сообраќајна сигнализација
  • 2 странични воздушни перничиња
  • 2 странични предни воздушни перничиња и 2 завеси напред и назад
  • Електрична паркинг сопирачка со Hill Assist
  • LED дневни светла
  • Преклопна и деллива задна клупа 2/3 - 1/3 со 3 наслони за глава
  • Електрични подигнувачи на предни и задни стакла
  • Електрика на надворешни ретровизори со греачи
  • Возачко седиште подесиво по висина
  • Хромирана предна маска на мотор
  • Надолжни кровни лајсни од нерѓосувачки челик
  • Темпомат/ограничувач на брзина
  • Управувач пресвлечен со TEP кожа
  • Карбонски облоги во внатрешниот дел на вратите
  • Нов Peugeot i-Cockpit со дигитален 12,3” TFT возачки дисплеј
  • Варијабилен серво управувач подесив по висина и длабочина
  • Мануелен клима уред
  • Челични фелни “MIAMI” 17” со украсни раткапни, гуми 215/65R17
  • Хромиран украс на заден браник
  • Рачки и ретровизори во боја на каросерија
  • Централно заклучување со далечинско со преклоплив клуч
  • Радио уред RD6 со 6 звучника, MP3, USB, Bluetooth handsfree
  • функција и мултифункционален управувач
 
 
3008 ACTIVE (ACCESS+)
GT (ALLURE+)
  • Предни светла за магла, хромирани детали во ниво на предните
  • светла за магла
  • Паркинг сензор позади
  • Предупредување за ненамерно напуштање на
  • правец (LDW)
  • Алуминиумски фелни “CHICAGO” 17”, гуми 215/65R17
  • Управувач пресвлечен со кожа
  • Автматски двозонски клима уред
  • LED осветлување во возачкот простотр
  • Совозачко седиште подесиво по висина
  • Мултифункционален екран на допир од 8” со “пиано” , двоен
  • радио тунер RCC
  • Пакет видливост”*
 
3008 ALLURE (ACTIVE+)
  • Паркинг сензори напред
  • Алуминиумски фелни “DETROIT” 18”, гуми 225/55R18
  • Украсна лајсна од нерѓосувачки челик во долниот дел на вратите
  • Хромирана украсна лајсна на долниот дел на предниот браник
  • LED амбиентално осветлување во простор кај патниците
  • Дополнително затемнети странични стакла позади и задно стакло
  • Електрично преклопни ретровизори
  • Надворешни ретровизори со LED трепкач и осветлување за лесен
  • пристап
  • Седиште во комбинација TEP кожа/ткаенина
  • Подесување на лумбардниот дел на возачкото седиште
  • Склопливо совозачко седиште во форма “flat folding”
  • MirrorScreen, Wi-Fi
 
 GT (ALLURE+)
  • Камера за помош при паркирање назад, 180° степени поглед
  • Алуминиумски фелни “BOSTON” 19” (двобојни), гуми 235/50R19
  • GT изглед на преден браник со хромирана предна маска
  • Црн-сјаен оквир на предна решетка од темен хром
  • Хромирани маски на надворешни ретровизори
  • Хромирани издувни цевки назад
  • Надолжни алуминиумски кровни носачи
  • Хромирани лајсни на страничните стакла
  • Облоги на внатрешните врати од дрво
  • Кров во сјајно црна боја – “Black Diamond”
  • Спортски алуминиумски педали, одмарач за нозе од алуминиум
  • Зашиена инструмент табла со двоен пораб
  • Комплет патосници
  • Активен систем за помош за задржување на возилото во лента (LKA)
  • Систем за следење на мртов агол (ABSD)
  • Автоматско вклучување/исклучување на долги светла (HBA)
  • Отклучување и стартување на возилото без употреба на клуч
  • Предни прагови од инокс
  • Осветлување за лесен пристап со проекција на амблем Peugeot
  • Full LED предни светла
  • LED предни светла за магла со функција дополнително осветлување
  • Седишта во комбинација TEP кожа/Alcantara
  • Спортски управувач пресвлечен со перфорирана кожа и хромиран GT
  • елемент
  • Peugeot амбиентален мирис
  • 3D навигација, препознавање гласовни команди, видео излез
ПРЕДНОСТИ
НЕДОСТАТОЦИ


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 3008  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Hyundai Tucson
 
Hyundai Tucson
17777 - 17777
KIA Sportage
 
KIA Sportage
17550 - 31550
Peugeot 3008
 
Peugeot 3008
22490 - 41690
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV
 
Ford Kuga MCA19990 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Honda CR-V33990 €
Hyundai Tucson17777 €
Jeep Renegade23000 €
KIA Sportage17550 €
Mazda CX-523980 €
Mitsubishi Outlander28980 €
Nissan Qashqai19900 €
Nissan X-Trail29850 €
Ssang Yong Korando17200 €
Subaru Forester23120 €
Subaru XV26990 €
Toyota RAV 426990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 LCV
3008 301
308 308 SW
5008 508
508 SW Bipper
Bipper Tepee Boxer
Expert Expert Tepee
Partner Partner Tepee



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook