дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Opel > Opel Astra > Краток опис за моделот
Opel Astra Opel Astra
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 15182
веќе од 253 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,6
Изглед
6
Перформанси
5
Возна динамика
5,3
Зад управувачот
4,7
Удобност
5
Простор и практичност
5
Квалитет и доверливост
5,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
6,3
Безбедност и сигурност
8,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Трн во окото на конкурентите

Opel Astra уште од лансирањето на првиот модел е во сенка на попопуларниот VW Golf. Сепак, со новиот модел, како никогаш досега, ова треба значително да се измени. Новата Astra донесува значително многу промени и подобрувања, кои ја лансираат директно во врвот на компактната класа.


Astra доживеа големи промени во новата генерација – новата платформа е до 200 килограми полесна зависно од моделот. Благодарение на ова, сега сите мотори освен почетниот бензинец делуваат поагилни и подобро повлекуваат, а и трошат помалку гориво. На пример, одличниот 1.0 литарски турбо бензинец со 105 КС троши комбинирано околу 5,7 литри на 100 километри (4,4 фабрички), односно скоро 7 литри во град и околу 5 литри на отворено.

Дизелот 1,6 со 95 КС троши околу половина литар од бензинецот помалку, а има малку послаби перформанси, што значи дека бензинецот е и подобро решение. Почетниот 1,4 литарски бензинец пак е најдобро да се избегне – бавен е и троши околу литар до литар и пол повеќе гориво од турбо бензинецот.

Во кабината, простор има на претек и на предните и на задните седишта. Всушност, ова е моментално еден од најпространите, ако не и најпростран модел во класата и покрај намалувањето на димензиите. Багажникот пак има 370 литри, што е солидно, но има многу подобри конкуренти.

Зад воланот скоро секој возач лесно ќе ја најде идеалната позиција, но седиштата сепак не се најудобни (подобрите седишта се добиваат со доплата), а и прегледноста назад е многу слаба. Исто така, практичноста не е на највисоко ниво – со спуштањето на задните седишта не се добива целосно рамен под. Низ кабината сепак има доволно места за одлагање ситници, со солидна големина.

Во возење, Astra како и секогаш е подесена малку потврдо и попречните нерамнини и дупките предизвикуваат малку вибрации во внатрешноста, но генерално патниците нема да се пожалат на претерано неудобно возење. Затоа, на сметка на потврдата суспензија, подобрени се возните својства – Astra можеби се уште не е на нивото на најдобрите во класата, како на пример Focus, но е прилично агилна и динамична. Штета што недоволно директното управување го расипува чувството зад управувачот.

Рафинираноста е на солидно ниво - бензинските мотори се одлично придушени, но тоа не важи и за дизелите, кои се прилично гласни на повисоки вртежи. При повисоки брзини има и малку повеќе звук од ветерот, особено од делот кај ретровизорите, но затоа звукот од тркалата е одлично маскиран.

Astra е и изработена многу поквалитетно од претходникот. Всушност, кабината е сега меѓу најлуксузните во класата во поглед на материјалите, а и изработката е на многу високо ниво. Голема пофалба заслужува и одличниот мултимедијален систем со дисплеј на допир, кој е брз и лесен за употреба, со многу кратенки за полесно стигнување до важните информации.

Кога се ќе се собере, новата Astra е еден навистина конкурентен компактен автомобил. Солиден е во скоро сите категории и има некои ситни недостатоци кои не го расипуваат целото позитивно доживување. Само бидете сигурни дека ќе ги избегнете основниот 1,4 литарски бензинец и 1,6 литарски дизел – претерано се бавни и не нудат многу голема придобивка во економичноста во однос на помоќните агрегати.

ПРЕДНОСТИ
• Многу простор и на предните и на задните седишта
• Солидни возни својства
• Штедливи и полетни турбо бензинци и дизели
• Рафинираност и звучна изолација
• Квалитетна изработка
• Одличен мултимедијален систем
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку потврдо подесена суспензија
• Дизелите се бучни при забрзување
• Седиштата во основните модели не се најкомфорни
• Багажникот е само просечен со 370 литри


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Opel Astra  

СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 15 месеци
СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 15 месеци
СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 15 месеци
СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 15 месеци
СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Напишан од СУПЕР Е ЕФТИНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ  пред  околу 15 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 5
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
14990 - 27014
Opel Astra
 
Opel Astra
15182 - 22098
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C4 - нова гама13990 €
Ford Focus13990 €
Honda Civic15990 €
Hyundai i3013565 €
KIA Cee'd14550 €
Mazda 316980 €
Peugeot 30814990 €
Renault Megane16290 €
Seat Leon15166 €
Toyota Auris14990 €
Volkswagen Golf VII14990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Opel

www.opelauto.com.mk

Импортер за Македонија
Олимпија Моторс

Тел: 02 / 2 600 - 303

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Opel модели
Adam Adam Rocks *
Astra Astra GTC
Astra Sedan Astra Sports Tourer
Cascada Combo Tour
Combo Van Corsa
Corsa Van Insignia
Insignia Country Tourer Insignia Sports Tourer
Meriva Mokka X
Movano Van Vivaro
Zafira



Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook