дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Suzuki > Suzuki Vitara > Краток опис за моделот
Suzuki Vitara Suzuki Vitara
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13990
веќе од 233 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6,0
Изглед
5,5
Перформанси
5
Возна динамика
4,3
Зад управувачот
5,7
Удобност
5
Простор и практичност
5,5
Квалитет и доверливост
7
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
8,3
Безбедност и сигурност
7,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Функционален и забавен – SUV за сечиј вкус

Suzuki Vitara е моделот кој им овозможи на многу ентузијасти евтин влез во оф-роуд возењето, со можности на кои можеа да позавидат и многу поскапи теренци. Новиот модел донесува многу поголема функционалност и одлични возни карактеристики на асфалт, но и натаму нуди можност за излети надвор од патот, како ретко кој друг модел во класата.


Препознатливиот надворешен дизајн, но со многу потрендовски и поспортски изглед, најавува висока динамика во возењето. И не разочарува. Лежи на платформата на SX4 S-Cross, но има различно подесена суспензија, која е малку поцврста и му овозможува на автомобилот многу подинамично возење. А заедно со погонот на сите четири тркала на Suzuki, кој е еден од најдобрите во бизнисот, Vitara е еден од најзабавните автомобили во сегментот. 

Доволно прецизно е и управувањето, како и менувачите, што дополнително го подобрува возачкото искуство. И, за разлика од скоро сите конкуренти, Vitara е одлична и на терен, благодарение на ALLGRIP системот со погон на сите четири тркала, кој има четири различни модови на работа, Auto, Sport, Snow и Lock.
 
Удобноста е солидна, иако не е на нивото на SX4, но суспензијата е цврста и не пренесува многу вибрации во внатрешноста, што е секогаш добредојдено. Звучната изолација е солидна, иако дизелот не е меѓу најтивките и при посилните забрзувања добро се слуша во кабината. Рафинираноста е на високо ниво и вибрациите од погонот и моторите се добро пригушени.
 
Кабината нуди многу простор и на предните и на задните седишта, исто како кај SX4 S-Cross, со багажник од 375 литри (1120 литри со спуштена клупа), кој е во рамките на сегментот. Низ кабината има и многу места за одлагање ситници, со добра големина. Зад воланот, возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, со добро поставени команди, а и прегледноста е мошне добра. Еден целосно практичен и функционален автомобил!
 
Иако се работи за Suzuki, што значи дека со сигурност ќе биде доверлив и нема да се расипува, во кабината пластиката не е мека како кај некои од конкурентите и оддава чувство на луксуз. Сепак, спортскиот дизајн добро го сокрива тоа и прави да делува модерно, особено кај моделот со интуитивниот екран на допир, кој е еден од најдобрите моментално.
 
Двата мотори во понудата одлично прилегаат на карактерот на возилото, но за оние кои се по забавното возење препорака е бензинецот, додека дизелот е подобар при повисоки брзини на автопат. Кој мотор и да го одберете, потрошувачката ќе биде најниска во сегментот – бензинецот се задоволува со само 7 литри во град, односно 5,5 литри на отворено, додека дизелот троши под 6 литри во град, односно под 5 литри на отворено.
 
Како и секое Suzuki и новата Vitara доаѓа со многу богата опрема уште во основниот модел, а и цената е многу коректна. Ова, заедно со вистинската практичност која ја овозможува, но и високото ниво на забава во возењето и можност за персонализација, донесува нова свежина во класата, која досега беше поделена или на забавни автомобили, како Nissan Juke, или на практични, како Skoda Yeti. Кај Vitara ги има и двете карактеристики во едно и се чини денес најважно, најниската потрошувачка во класата.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа и функционална внатрешност
• Одлична ергономија и прегледност
• Динамичен и агилен
• Одличен на терен
• Ниска потрошувачка и од двата мотори
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку побучен дизел
• Тврда пластика во внатрешноста


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Suzuki Vitara  

СКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО
Напишан од ЈАПОНСКО САМО ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 29 месеци
СКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО
Напишан од ЈАПОНСКО САМО ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 29 месеци
СКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО
Напишан од ЈАПОНСКО САМО ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 29 месеци
СКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО
Напишан од СКАПА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЈАПОНСКО СИ Е ЈАПОНСКО  пред  околу 29 месеци
Vitarata e son i solena. Ne e za moj dzeb.
Напишан од Taki  пред  околу 29 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
13990 - 24500
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster
 
Dacia Duster
9990 - 16740
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV - компактни
 
Citroën C4 - Cactus12990 €
Dacia Duster9990 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Honda HR-V20990 €
KIA Soul18750 €
MINI Countryman20900 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200814330 €
Renault Captur13950 €
Škoda Yeti15550 €
Suzuki S-Cross15900 €
Volkswagen Tiguan25327 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Suzuki

www.mirkat.com.mk

Импортер за Македонија
Миркат

Тел: 02 / 3089 - 089

Адр: Скупи br1.

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Suzuki модели
Baleno Celerio
Ignis Jimny
S-Cross Swift
Swift Sport Vitara



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook