дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Suzuki > Suzuki Celerio > Краток опис за моделот
Suzuki Celerio Suzuki Celerio
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 8360
веќе од 139 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
4,7
Изглед
2,5
Перформанси
3
Возна динамика
3,3
Зад управувачот
5
Удобност
3
Простор и практичност
4,5
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
8,7
Безбедност и сигурност
4,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Најдобра вредност за парите во класата

Новиот малечок на Suzuki е наследник на популарниот Alto. Новото име донесува големи подобрувања во скоро секој дел, но основната идеја е и натаму иста – да се понуди најмногу автомобил за најмалку пари. Celerio кај нас се нуди по многу ниска цена и со исклучително богата опрема уште во основниот модел и е еден од најисплатливите градски автомобили.


Голем дел од заслугата тука ја има и новиот 1,0 литарски бензинец со три цилиндри и 68 КС, кој има доволно сила за градските улици – забрзувањето до стотка трае 13,1 секунда, но многу поважно, исклучително е економичен – во град може да се помине со 5,9 литри, на отворено само со 4,6 литри, што би рекло просек од 5,2 литри на 100 km. Со понервозно возење потрошувачката расте за максимум половина литар, но тоа и натаму е извонреден резултат – Celerio е најекономичниот бензинец во класата. Покрај ниската потрошувачка, тука е и малата емисија на издувни гасови – само 99 g/km CO2.

Но, Celerio не е само евтин и штедлив. Кабината е исклучително пространа и на предните и на задните седишта – тука Јапонецот е на самиот врв во сегментот. Багажникот брои 254 литри (726 со спуштени седишта), што е уште еден одличен резултат – тука секогаш ќе имате простор за кесите од големиот шопинг. Низ кабината има и доволно големи места за одлагање ситници.

Зад управувачот седењето е многу комфорно и сите модели имаат седиште кое се подесува во висина, што е одлична вест за понежниот пол. За некои можеби ќе недостасува можност за подесување на воланот по длабочина, но таков луксуз нема скоро кај ниту еден модел во класата. Особено е добар распоредот на копчињата, а истите се големи и читливи – никогаш нема да ја активирате погрешната команда. Пластиката во ентериерот е сепак тврда на допир и не оддава чувство на квалитет, но изработката е на највисоко ниво.

Celerio е одличен и кога е во прашање квалитетот на возењето – доволно е динамичен и агилен во кривините, додека суспензијата, иако малку поцврсто подесена, не е неудобна и солидно се справува со честите градски дупки. Единствено управувањето не е доволно комуникативно  и во град прилично бавно се враќа во почетната положба. Звучната изолација низ град е солидна иако на повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од гумите и ветерот.

Уште основниот модел на Celerio е опремен со клима уред, серво волан со висинско подесување, возачко седиште со висинско подесување, електрика на прозори напред, централна со далечинско, радио со CD+MP3 со два звучници, Bluetooth, USB, индикатор за низок притисок во пневматиците, имобилизатор и делива задна клупа 60:40. Celerio има и богата опрема за безбедноста - 4 воздушни перничиња, цел сет контроли на стабилноста – ABS+EBD+ESP, помош при нагло сопирање и ISOFIX, но освои само три ѕвездички на тестирањата на EuroNCAP.

И покрај малку повоздржаниот дизајн, кога ќе се види во ценовникот дека оваа опрема се добива за само 8.360 евра, јасно е дека со сите квалитети што ги поседува Celerio треба секогаш да е во потесниот избор на сите кои сакаат квалитетен, економичен и функционален градски автомобил.

ПРЕДНОСТИ
• Полетен и економичен мотор
• Пространа кабина
• Голем багажник
• Одлични возни својства
• Солидна ергономија
• Богата опрема и ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Звук од ветерот и гумите при повисоки брзини
• Управувањето не е доволно директно
• Тврда пластика во внатрешноста


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Suzuki Celerio  

не дај боже со мало количе да имаш сообраќајна несреќа...
Напишан од малишана  пред  околу 15 месеци
ЈАПОНЕЦ СИ Е ЈАПОНЕЦ
Напишан од ЈАПОНЕЦ СИ Е ЈАПОНЕЦ  пред  околу 31 месеци
возилото е прва класа за во град и е јапонско производство 100%
Напишан од Горан  пред  околу 31 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Toyota Aygo
 
Toyota Aygo
7990 - 13390
Volkswagen Up!
 
Volkswagen Up!
8723 - 12191
Mitsubishi Space Star
 
Mitsubishi Space Star
8690 - 10990
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Мини автомобили
 
Fiat Panda9690 €
Fiat Panda 4x412900 €
Ford Ka10200 €
Mitsubishi Space Star8690 €
Renault Twingo9525 €
Seat Mii10109 €
Škoda Citigo9150 €
Toyota Aygo7990 €
Volkswagen Up! 8723 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Suzuki

www.mirkat.com.mk

Импортер за Македонија
Миркат

Тел: 02 / 3089 - 089

Адр: Скупи br1.

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Suzuki модели
Baleno Celerio
Ignis Jimny
S-Cross Swift
Swift Sport Vitara

Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook