дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mazda > Mazda 2 > Краток опис за моделот
Mazda 2 Mazda 2
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11480
веќе од 191 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
4,7
Изглед
4
Перформанси
3
Возна динамика
5,7
Зад управувачот
4,7
Удобност
3,5
Простор и практичност
3,5
Квалитет и доверливост
5,5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Одлично избалансиран малечок, но со претерано висока цена

Новата 2-ка на јапонскиот производител носи неколку значајни промени во однос на претходникот, што се забележува и однадвор – наместо дизајнот ала моноволумен, новиот модел изгледа покласично, со подолг преден дел и стандардна хечбек форма на каросеријата. Според Mazda, 2-ката е така конструирана за директно да ги нападне најдобрите во сегментот, но дали навистина испорачува?


Моторите се на хартија навистина солидни и повеќето од нив испорачуваат и во пракса. Дизелот нуди е прилично еластичен и троши само 4,4 литри гориво во просек, додека бензинците се задоволуваат со околу 6 литри во просек. Сепак, бензинците треба добро да се завртат за максимум перформанси и не се еластични како турбо конкурентите, па возачот и нема чувство за толку моќно забрзување при пониските вртежи, иако бројките налагаат дека се убедливо најбрзи во класата.

Кабината нуди повеќе простор од претходникот, кој не беше особено комфорен, но 2-ката и натаму не може да конкурира на најдобрите во класата – назад е тесно и за главата и за колената. Багажникот брои 280 литри, што е во просекот на класата, но помалку од поновите конкуренти како на пример Fabia.

Возачот пак лесно ќе ја најде идеалната позиција, а и сите команди се секогаш на дофат на раката. Всушност, мултимедијалниот систем е најдобар во ниската класа и особено импресионира тоа што нема премногу копчиња на средната конзола кои би го збуниле возачот. Импресионира и квалитетот на изработката и материјалите во кабината – тука Mazda 2 е еден од најдобрите модели во класата.

Во возење, новата 2-ка и понатаму е дизајнирана за подинамично возење. Ова значи дека на нашите нерамни патишта возењето и нема да биде најудобно – тука Mazda 2 е еден од послабите модели во класата. Исто така, моторите не се особено тивки и тоа особено важи за дизелот, кој е претерано нерафиниран на ниски вртежи, што може да го направи возењето во град заморно. На повисоки брзини изолацијата од ветерот и гумите пак е многу солидна и во кабината може лесно да се разговара и на повисоки брзини.

Динамиката е рамо до рамо со Fiesta – Јапонецот исклучително малку се навалува во кривините, добро лепи за патот и има директно управување и прецизен менувач. Иако недоволно еластични, бензинските мотори одлично прилегаат на ваквиот тип на возење – возење со високи вртежи на моторот по кривулест пат со Mazda 2 е вистинско уживање.

Овие возачки квалитети сепак имаат и висока цена – секој што сака возачко уживање во мал автомобил ќе мора да плати како за модел од компактната класа. Подобрите модели тука одат и преку 15.000 евра, што е премногу за автомобил од ниската класа, макар и бил добро опремен како Mazda 2. Цената може делумно да се оправда со познатата доверливост и издржливост на моделите на Mazda, но сервисот кај нас се уште не е докажан, а и гаранцијата не е на нивото на другите јапонски и корејски конкуренти.

ПРЕДНОСТИ
• Штедливи мотори
• Солидни перформанси од дизелот
• Одлична ергономија
• Квалитетна кабина
• Агилност и динамика
• Одлична звучна изолација на повисоки брзини
НЕДОСТАТОЦИ
• Ограничен простор на задната клупа (во однос на конкурентите)
• Тврдо подесена суспензија
• Бучен дизел мотор
• Бензинците треба да се завртат до повисоките вртежи за оптимални перформанси
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mazda 2  

МАЗДА ОД 2001-2007-БЕШЕ ПОД ФОРД ОД 25.01.2008 РАБОТИ САМА
Напишан од МАЗДА ОД 2001-2007-БЕШЕ ПОД ФОРД ОД 25.01.2008 РАБОТИ -109 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА  пред  околу 25 месеци
112 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА ИМА ТРАДИЦИЈА
Напишан од 112 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА ИМА ТРАДИЦИЈА  пред  околу 26 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 26 месеци
ова ми се допаѓа-ЈАПОНЕЦ СИ Е ЈАПОНЕЦ.
Напишан од ова ми се допаѓа-ЈАПОНЕЦ СИ Е ЈАПОНЕЦ=ПОЗДРАВ  пред  околу 28 месеци
Mazda e zver
Напишан од jap an  пред  околу 29 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Citroën C3
 
Citroën C3
9890 - 9890
Volkswagen Polo
 
Volkswagen Polo
10990 - 21275
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Ниска класа
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero7650 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta9600 €
Great Wall Voleex C10 8200 €
KIA Rio9990 €
Lada Kalina7700 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa9930 €
Peugeot 20811489 €
Renault Clio11215 €
Seat Ibiza12374 €
Škoda Fabia9160 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift9990 €
Toyota Yaris10590 €
Volkswagen Polo10990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Mazda

www.mazda-mk.mk

Импортер за Македонија
Стар Моторс

Тел: 02 / 3070 - 166

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mazda модели
2 3
3 Sedan 6
6 Adventure 4x4 CX-3
CX-5 MX-5



Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook