дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën C4 Picasso - 2014 > Краток опис за моделот
Citroën C4 Picasso - 2014 Citroën C4 Picasso - 2014
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 19990
веќе од 333 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,8
Изглед
6,5
Перформанси
4
Возна динамика
4,7
Зад управувачот
5
Удобност
5
Простор и практичност
8
Квалитет и доверливост
5,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
8,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Стилски и практичен, за самиот врв на класата

Новиот C4 Picasso ја продолжува традицијата на Citroen за стилски моноволумен, со многу простор, практичност и економични мотори. Не само што е стилски, туку во живо, е еден од најубавите модели на пазарот. Ова и не е случајно – дизајнот е скоро идентичен на оној на фантастичниот Technospace концепт...


Во внатрешноста има многу, многу простор и на предните и на задните седишта, како кај најдобрите во класата, додека багажникот брои одлични 537 литри. За разлика од некои конкуренти, кај C4 Picasso задната клупа се лизга и овозможува исклучително високо ниво на функционалност и практичност. Низ кабината има многу места за одлагање ситници, кои можат да примат дури и поголеми предмети. Зад воланот, седењето е многу удобно и сите команди се на дофат на раката, но екранот на допир ги вклучува сите команди, дури и за клима уредот, што значи дека треба премногу стискање за промена дури и на најосновните системи во автомобилот.

Во возење, францускиот моноволумен се однесува исклучително стабилно и малку се навалува во кривините, со доволно прецизно управување, но и нешто послаби менувачи (и мануелниот и автоматскиот). Амортизацијата е малку потврдо подесена, но тоа е проблем само при поминување преку поголемите дупки. Моторите, пак, се исклучително тивки и рафинирани и при повисоки брзини се слуша само малку повеќе звук од ветерот. 
 
Моторизацијата ја сочинуваат два дизелски и два бензински агрегати. Нашиот избор би биле дизелите, бидејќи нудат одлични перформанси и исклучително ниска потрошувачка. Во случајот на основниот дизел со 92 КС, таа изнесува 6 литри во град, 4,5 литри на отворено, односно околу 5 литри во просек, додека посилниот со 115 КС троши по 1-2 децилитри помалку! Со оглед на тоа што е поскап само 1.000 евра, препорака е токму помоќниот дизел. Атмосферскиот бензинец со 120 КС, пак, троши 10 литри во град и 6,5 на отворено, што би рекло околу 8 литри во просек. Интересно, турбо бензинецот со 156 КС троши половина литар помалку, а нуди многу подобри перформанси.
 
Во кабината има квалитетни материјали и цврста изработка, што е надополнето со модерниот дизајн. Citroen се подобрува на тестирањата за доверливост, а тоа особено важи за одличните HDi дизелски мотори. На тестирањата за безбедност на EuroNCAP, C4 Picasso заработи чисти пет ѕвездички, што секако и не е големо изненадување.
 
Навистина, нема некоја особена причина зошто C4 Picasso не би бил на врвот на листата на македонскиот купувач кој сака простран, квалитетен и безбеден автомобил. Францускиот модел дури и нема некои поголеми недостатоци!
ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност
• Голем багажник
• Високо ниво на функционалност
• Одлични возни својства
• Квалитетен ентериер
• Економични HDi мотори
НЕДОСТАТОЦИ
• Командите за климата се вградени во екранот на допир
• Менувачите имаат подолг од
• Нешто потврдо поминување преку поголемите дупки


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën C4 Picasso - 2014  

   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Opel Zafira
 
Opel Zafira
17488 - 25604
Ford C-MAX
 
Ford C-MAX
15900 - 25600
Dacia Lodgy
 
Dacia Lodgy
9990 - 15890
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Моноволумени - компактни
 
Dacia Lodgy9990 €
Ford C-MAX15900 €
Opel Zafira17488 €
Renault Scenic19490 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МОНОВОЛУМЕНИ - МАЛИ       МОНОВОЛУМЕНИ - КОМПАКТИ       МОНОВОЛУМЕНИ - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo Furgon Berlingo Multispace
C - Elysee C1
C3 C3 Picasso
C4 - Cactus C4 - нова гама
C4 Grand Picasso C4 Picasso - 2014
C5 DS3
DS4 DS5
Jumper Jumper Combi
Jumpy Jumpy Multispace
Nemo Nemo Multispace

Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook