дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 308 > Краток опис за моделот
Peugeot 308 Peugeot 308
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 14990
веќе од 249 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6,0
Изглед
6,5
Перформанси
4
Возна динамика
5,3
Зад управувачот
5,7
Удобност
6
Простор и практичност
5,5
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
6,7
Безбедност и сигурност
8,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Автомобил на годината. Вистина автомобил на годината

Францускиот компакт го доби ласкавото признание за автомобил ан годината во Европа, но ние во koli.com.mk ретко ги земаме тие награди здраво за готово. Овој пат, автомобилот целосно ја заслужува наградата.


Во возење, се однесува удобно, како поголем автомобил, но со голема доза на агилност и динамичност, карактеристична само за најспортските модели во класата. Всушност, возењето на отворен пат е карактеристично француски удобно и надополнето со одлична рафинираност на погонот, како и високо ниво на звучна изолација. Возачот ќе може и да се позабавува, бидејќи управувањето е прецизно, а шасијата се однесува исклучително неутрално. Малиот дијаметар на воланот само го зголемува уживањето во возењето.

Во кабината, на предните седишта е исклучително удобно, но на задната клупа нема простор како кај најкомфорните конкуренти. Затоа, багажникот брои извонредни 470 литри, што е нов рекорд во компактната класа. Зад воланот, секој возач лесно може да ја најде идеалната позиција и командите се на дофат на раката, но треба време за навикнување на екранот на допир, а исто така, би сакале барем командите за клима уредот да бидат поставени „надвор“ од него.
 
Новата, освежена моторизација, нуди солидни перформанси уште од основниот модел. Особено динамични се моделите со турбо бензинците и турбо дизелите, кои силно повлекуваат уште од пониските вртежи. Потрошувачката е силна страна кај сите мотори – 308 е еден од најекономичните и најчисти модели во класата! Во бројки, основниот бензинец со 82 КС троши околу 6 литри во просек, додека дизелот со 92 КС се задоволува и со под 5 литри во просек на 100 km. Зголемениот квалитет, кој се забележува преку пластиката во кабината, ветува и голема издржливост, а мирна глава дава и одличниот сервис на Euroimpex. Цената, со оглед на понудената опрема, е во самата средина на класата.
 
Нормално, нема автомобил кој нема маани. Peugeot 308 има нешто потесна задна клупа и модерниот мултимедијален систем со екран на допир бара подолго време на навикнување, но од друга страна, вози исклучително квалитетно, со суспензија која лесно ги голта нерамнините, шасија која се однесува исклучително неутрално во кривините, зголемен квалитет во кабината и најголем багажник во класата. 
 
За нас, сепак, најважно е како автомобилот се однесува додека вози. А гледајќи ги тие квалитети, 308 е на самиот врв во класата.
ПРЕДНОСТИ
• Високо ниво на удобност
• Одлични возни својства
• Економични мотори
• Одлични перформанси
• Најголем багажник во класата
НЕДОСТАТОЦИ
• Помал простор на задната клупа
• Екранот на допир бара време за навикнување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 308  

НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО
Напишан од НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО  пред  околу 22 месеци
НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО
Напишан од НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО  пред  околу 22 месеци
НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО
Напишан од НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО  пред  околу 22 месеци
НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО
Напишан од НЕ ПРЕФЕРИРИАМ ФРАНЦУСКО  пред  околу 22 месеци
UBAVO AMA NE PREFERIRAM FRANCUSKA KOLA
Напишан од UBAVO AMA NE PREFERIRAM FRANCUSKA KOLA  пред  околу 31 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
14990 - 27014
Opel Astra
 
Opel Astra
15182 - 22098
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C4 - нова гама13990 €
Ford Focus13990 €
Honda Civic15990 €
Hyundai i3013565 €
KIA Cee'd14550 €
Mazda 316980 €
Opel Astra15182 €
Renault Megane16290 €
Seat Leon15166 €
Toyota Auris14990 €
Volkswagen Golf VII14990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 LCV
3008 301
308 308 SW
5008 508
508 SW Bipper
Bipper Tepee Boxer
Expert Expert Tepee
Partner Partner Tepee



Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook