дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Toyota > Toyota Corolla > Краток опис за моделот
Toyota Corolla Toyota Corolla
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 15590
веќе од 259 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,8
Изглед
4,5
Перформанси
4,5
Возна динамика
4,3
Зад управувачот
6
Удобност
6
Простор и практичност
6
Квалитет и доверливост
6,5
Цена/Опрема
5,5
Трошоци за користење
7
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Класична фамилијарна Corolla - голема, смирена, релаксирана

Најпродаваниот автомобил на сите времиња, со децении владее на сите светски пазари, особено окга се во прашање семејните купувачи. Причините? Квалитетот, леснотијата во управувањето, функционалноста и безбедноста... Новиот модел ветува напредок и во други сегменти, како динамиката во возењето, но ова е и натаму старата, добра Corolla.


Всушност, од најголем бенефит за купувачот кај новата Corolla е зголеменото меѓуоскино растојание, кое сега е исто како кај Avensis. Ова придонесува за многу повеќе простор во внатрешноста, на највисоко ниво во класата, особено на задната клупа, каде патниците сега можат и да ги прекрстат нозете... Багажникот брои 452 литри, кои се апсолутно доволни за една четиричлена фамилија. Зад воланот, како и секогаш, командите се класично изведени и лесни за користење, нешто што важи и за екранот на допир со кој се контролира мултимедијалниот систем.

Зголеменото растојание на тркалата придонесе и за подобрената удобност, но кај новата Corolla поголеми подобрувања се направени во рафинираноста. Едноставно, кабината е одлично изолирана од звуци и вибрации дури и при поголеми брзини. Секако, подобрени се и возните својства, но и натаму, во класата има подинамични модели.

Моторизацијата ја сочинуваат три мотори и тоа два бензинци и еден дизел. Најслабиот бензинец е за повозрасните и оние на кои не им се брза ниту на автопат, додека дизелот е нешто поеластичен и подобро повлекува. Сепак, впечаток е дека недостасува некој посилен мотор во Corolla, особено поради зголемените димензии. Потрошувачката кај сите мотори е исклучително ниска и истите се меѓи најекономичните во класата.

Како и секоја Corolla претходно и оваа е конструирана со цел полесно да го издржи текот на времето. Се е цврсто и квалитетно склопено, со материјали кои изгледаат робусно и отпорно. Corolla отсекогаш е и на врвот на истражувањата за квалитет и доверливост и ја прати глас за еден од најмалку расипливите автомобили на сите времиња. Сепак, цената и натаму е повисока во однос на конкурентите, иако опремата е богата уште во основниот модел. 

Corolla никогаш нема да биде спортска, агилна и динамична. И покрај подобрувањата, кои лесно се забележуваат дури и при првите неколку километри, јапонскиот седан од компактната класа останува верен на сопствениците кои низ скоро 4 децении постоење, го направија најпродаваниот автомобил на сите времиња. 

Исклучително пространата кабина и удобното, смирено и релаксирано возење, се квалитети кои и понатаму ќе ги освојуваат купувачите ширум светот. Цената можеби е малку повисока, но за сите оние кои бараат квалитетен и комфорен сопатник за целата фамилија, со карактеристики на вистински крстосувач за подолги патувања, Corolla е најдобриот избор во класата.

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително пространа кабина
• Високо ниво на удобност
• Одлична звучна изолација и рафинираност
• Ергономија
• Ниска потрошувачка
НЕДОСТАТОЦИ
• Непрецизно управување
• Повисока цена во однос на конкуренцијата
• На автомобилот му одговара помоќен дизел мотор, кој го нема во понудата


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Toyota Corolla  

kako toa neprecizno upravuvanje pa na tehnicki ce pomineme li so njeprecizno.Kakvi komentari sramota
Напишан од vlado  пред  околу 9 месеци
kako toa neprecizno upravuvanje pa na tehnicki ce pomineme li so njeprecizno.Kakvi komentari sramota
Напишан од vlado  пред  околу 9 месеци
ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 23 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Octavia
 
Škoda Octavia
13900 - 27030
Toyota Corolla
 
Toyota Corolla
15590 - 21590
Hyundai Elantra
 
Hyundai Elantra
12600 - 14400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компактни - седани
 
Hyundai Elantra12600 €
Mazda 3 Sedan16980 €
Opel Astra Sedan16212 €
Renault Fluence15395 €
Seat Toledo14405 €
Škoda Octavia13900 €
Volkswagen Jetta21036 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Toyota

www.toyota.com.mk

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Toyota модели
Auris Auris Hybrid
Avensis Aygo
C-HR C-HR - Hybrid
Corolla GT-86
Hilux Hilux - 2016
Land Cruiser Prius
RAV 4 RAV 4 - Hybrid
Verso Yaris
Yaris Hybrid



Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook