дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > KIA > KIA Sportage > Краток опис за моделот
KIA Sportage KIA Sportage
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 17550
веќе од 292 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,2
Изглед
6
Перформанси
5
Возна динамика
3,3
Зад управувачот
5
Удобност
5
Простор и практичност
6,5
Квалитет и доверливост
4,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
5,7
Безбедност и сигурност
6,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Скок за Kia, но конкурентите и натаму за влакно подалеку

Од компактен SUV кој беше само евтина варијанта на конкуренцијата од западот, до купеовски и динамично дизајниран кросовер наменет за помладата генерација, кај Sportage најдобро се гледа напредокот на Kia кај моделите од најновата генерација. Но, останува прашањето, дали и покрај видливите подобрувања, Sportage може да се носи со европската и јапонската конкуренција?


Секако, од дизајнерски аспект, новиот Sportage се носи сосема успешно со конкуренцијата. Можеби не делува како теренец, но мора да се признае на храброста на Kia при дизајнирањето - Sportage навистина се одвојува од толпата. Смелиот и модерен дизајн продолжува и во внатрешноста, која изгледа поинаку од секоја Kia досега, вклучувајќи дури и некои хромирани детали.

Моторизацијата ја сочинуваат два бензински и два дизел мотори. Интересно, дизелите не се особено флексибилни и повлекуваат покасно од очекуваното, но ако треба да избереме, тоа би бил помалиот 1.7 литарски со 115 КС. Добар избор е и помалиот бензинец (135 КС), кој иако бара високи вртежи за постигнување добри перформанси, делува подинамично и понервозно од дизелот, забрзувајќи побрзо и постигнувајќи подобра максимална брзина. Поголемиот бензинец (163 КС), иако нуди солидни перформанси, е многу поскап од основниот, па би препорачале да го избегнете, а истото важи и за дизелот со 136 КС.

Голем напредок во однос на претходникот се возните својства. Било дали се работи за верзијата со погон на предните или на сите четири тркала, Sportage има добра тракција и преку предните тркала пролизгува релативно касно. Од друга страна, не очекувајте дека ќе ве пренесе преку терен - погонот на сите тркала е пред се за лизгави патишта, не за надвор од нив! За разлика од возните својства, пак, удобноста кај Sportage е послаба страна, што особено се чувствува на повисоки брзини - корејскиот теренец има многу вертикални движења, односно нагли потскокнувања. Исто така, од гласниот менувач, па се до бучните дизели, Sportage не нуди високо ниво на рафинираност. Бензинците се малку потивки и испуштаат помалку вибрации, но и така на повисоки брзини главен проблем претставуваат звукот од гумите и ветерот...

Возачката позиција и ергономијата, од друга страна, се одлични. Сите команди се на дофат на раката и се лесно читливи, а и седиштата се изненадувачки удобни. Големите А столбови напред сепак ја ограничуваат прегледноста, а и задното стакло е многу мало и е високо поставено, па тука вреди доплата за паркинг сензори. Покрај возачот, и патниците во Sportage ќе имаат удобно сместување - простор има во сите правци за сите патници, а тука помага и скоро рамниот под во задниот дел. Багажникот брои одлични 564 литри и е меѓу рекордерите во класата, а има и правилен облик. Сепак, минус за практичноста е што со спуштањето на задната клупа не се добива целосно рамен под, што го отежнува товарањето на подолгите предмети.

По обичај, Sportage повторно постигнува најмногу поени кај опремата и цената. Неколку илјади евра е поевтин од конкурентите во класата, а тоа особено важи за помалите мотори. Стандардната опрема е прилично богата, исто така, а висока оценка заслужува и гаранцијата од 5 години. Трошоците за одржување и возење исто така се намалени во однос на претходната генерација, иако моторите и натаму бараат по некој капка гориво повеќе од конкуренцијата - реално, помалиот дизел во просек троши преку 7 литри (фабрички 5,6), додека бензинецот од 8,5 до 9 литри (фабрички 6,8).

Kia Sportage доби и 5 ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP, но кај нас, основниот модел е опремен само со 2 воздушни перничиња и ABS (EuroNCAP моделот има 6 воздушни перничиња и ESP), што значи дека резултатот не важи за овие модели.

Според тоа, и покрај видните подобрувања, Sportage и натаму е избор за купувачите со краток буџет, благодарение на ниската цена и високата гаранција. Напредокот го донесе Кореецот поблизу до конкурентите, но и натаму треба да се испеглаат недостатоците како недоволно удобното возење и послабата рафинираност, кои го оттргнуваат вниманието од инаку добро скроениот SUV.

ПРЕДНОСТИ
• Динамичен, спортски дизајн и надвор и внатре
• Простор во внатрешноста
• Огромен багажник
• Солидни возни својства
• Подобрен квалитет во внатрешноста во однос на претходната генерација
• Богата опрема
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Лоша удобност, особено при повисоки брзини
• Дизелите не се еластични и фексибилни како тие кај конкуренцијата
• Послаба рафинираност кај дизелите
• Бука од воздухот и гумите
• Петте EuroNCAP ѕвездички не важат за основните модели
• Сиромашна безбедносна опрема


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за KIA Sportage  

ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГНУВАЊЕ ОД АЗИЈА
Напишан од ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГН  пред  околу 31 месеци
ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГНУВАЊЕ ОД АЗИЈА
Напишан од ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГН  пред  околу 31 месеци
ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГНУВАЊЕ ОД АЗИЈА
Напишан од ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГН  пред  околу 31 месеци
ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГНУВАЊЕ ОД АЗИЈА
Напишан од ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГН  пред  околу 31 месеци
ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГНУВАЊЕ ОД АЗИЈА
Напишан од ОВА ИМА ЈАПОНСКО ПОТЕКЛО.СО ТЕК НА ВРЕМЕ ЈАПОНИЈА ЌЕ СИ ЈА ВРАТИ КИЈАТА.КИА НА ЈАПОНСКИ ЗНАЧИ ИЗДИГН  пред  околу 31 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 25
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Hyundai Tucson
 
Hyundai Tucson
17777 - 17777
KIA Sportage
 
KIA Sportage
17550 - 31550
Ford Kuga MCA
 
Ford Kuga MCA
19990 - 37390
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV
 
Ford Kuga MCA19990 €
Great Wall Hover H5 12034 €
Honda CR-V33990 €
Hyundai Tucson17777 €
Jeep Renegade23000 €
Mazda CX-523980 €
Mitsubishi Outlander28980 €
Nissan Qashqai19900 €
Nissan X-Trail29850 €
Peugeot 300822490 €
Ssang Yong Korando17200 €
Subaru Forester23120 €
Subaru XV26990 €
Toyota RAV 426990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

KIA

www.kiamotors.com.mk

Импортер за Македонија
Киа Моторс Македонија

Тел: 02 / 2 580 - 300

Адр: ул. Перо Наков бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други KIA модели
Cee'd Cee'd SW
K 2500 Optima
Pro Cee'd Pro Cee'd GT
Rio Sorento
Soul Sportage
Venga



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook