дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Škoda > Škoda Octavia > Краток опис за моделот
Škoda Octavia Škoda Octavia
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13900
веќе од 231 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,7
Изглед
4,5
Перформанси
5
Возна динамика
5
Зад управувачот
5
Удобност
5
Простор и практичност
7
Квалитет и доверливост
6,5
Цена/Опрема
5,5
Трошоци за користење
5,7
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Скоро класа погоре

Досега, Octavia беше поевтина и подостапна верзија на Golf, со многу голем багажник. Новиот модел, и натаму има огромен багажник, но ветува голем напредок во квалитетот и битка со моделите од средната класа!


Моторизацијата е исклучително богата и сите мотори повлекуваат уште од ниските вртежи, благодарение на турбо полначите. Сепак, на послабите мотори им недостасува малку повеќе сила на високи вртежи, па соодветно на тоа и треба да се возат посмирено.

 
Благодарение на новата платформа, од новиот Golf, Octavia вози поудобно, но и натаму е далеку од она што можат да го понудат автомобилите од средната класа – дупките добро се чувствуваат во внатрешноста. Стабилноста на високи брзини пак е одлична, иако агилноста и забавата во возењето се далеку од она што го нудат компактите во класата. Звучната изолација е солидна, но при повисоки брзини се слуша малку повеќе звук од ветерот, а и дизел моторите се побучни отколку во Golf (иако се работи за истите агрегати) и се помалку рафинирани.
 
Во внатрешноста, има простор на претек и напред и назад, рамо до рамо со автомобилите од средната класа, како Mondeo и Passat. Багажникот пак брои фантастични 590 литри, што е нов рекорд во класата. Солидна е и практичноста – кабината има доволно места за одлагање ситници, но пречи тоа што со спуштањето на задните седишта не се прави целосно рамен под. Зад управувачот, лесно е да се најде идеалната позиција, додека командите се добро распоредени, со големи и читливи копчиња.
 
Новата Octavia нема да биде многу поскапа од претходникот, но споредено со компактите, ќе биде дури и повисока. Опремата ќе биде стандардно богата, уште во основниот модел. Потрошувачката кај сите мотори е ниска, скоро како кај Golf. Нормално, Octavia ќе доаѓа со целосна опрема за безбедноста, а во портфолиото има чисти пет ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP. Во поглед на квалитетот, видлив е голем напредок во однос на претходникот, па кабината сега е рамо до рамо со таа на Golf.
 
Прочитавте неколку пати во текстот, дека го спомнуваме Golf, а новата Octavia сака да конкурира на Passat и Mondeo. Реално, не е удобен и рафиниран како моделите од средната класа, но има пак пространа и квалитетна кабина која може да засрами многу од нив, а особено компактите. Навистина, на оние што нема да им пречи малку потврдото возење, Octavia е исклучително квалитетен и простран хечбек, со ултра голем багажник и коректна цена.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Фантастично голем багажник (590 литри)
• Солидни возни својства
• Цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Малку потврдо возење
• Побучни дизел мотори
• Со спуштањето на задните седишта не се добива рамен под


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Škoda Octavia  

Kolata ja vozam 4 godini. Period na uzivanje. A so eden rezevoar pominuvam 1100 km. 2.0 tdi. Ednostavno kazano perfektno vozilo.
Напишан од jovo  пред  околу 32 месеци
Najdobroto neshto napraveno od SKODA
Напишан од kire  пред  околу 45 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Octavia
 
Škoda Octavia
13900 - 27030
Toyota Corolla
 
Toyota Corolla
15590 - 21590
Hyundai Elantra
 
Hyundai Elantra
12600 - 14400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компактни - седани
 
Hyundai Elantra12600 €
Mazda 3 Sedan16980 €
Opel Astra Sedan16212 €
Renault Fluence15395 €
Seat Toledo14405 €
Toyota Corolla15590 €
Volkswagen Jetta21036 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Škoda

www.skoda.com.mk

Импортер за Македонија
Порше Македонија

Тел: 02 / 2 626 - 266

Адр: бул. Босна и Херцеговина бб

Работно време:  08:00 -17:00
сабота:  09:00 -14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Škoda модели
Citigo Fabia
Octavia Octavia Combi
Rapid Rapid Spaceback
Superb Yeti

Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook