дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Mazda > Mazda 3 > Краток опис за моделот
Mazda 3 Mazda 3
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 16980
веќе од 283 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,8
Изглед
5,5
Перформанси
6,5
Возна динамика
6
Зад управувачот
5,3
Удобност
4
Простор и практичност
4,5
Квалитет и доверливост
7
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
6
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Најспортска во класата

Со нови, технолошки понапредни мотори и различен дизајн од се што сме виделе досега, новата 3-ка атакува директно на врвот од класата. Но, дали го остварува тоа?


Новите SkyActiv мотори нудат одлични перформанси. Бензинците, иако атмосферски, имаат солидна еластичност, а не попуштаат ниту на повисоките вртежи, но трошат многу повеќе гориво од она што го ветува Mazda, во превод преку 2 литри од оние фабрички 5,1 во просек. Дизелите нудат подобри перформанси и исклучително ниска потрошувачка и моментално се меѓу најдобрите во класата во тој поглед.

Перформансите се надополнети и со одличните возни својства – Mazda 3 е најдобриот модел во класата кога е во прашање возењето по кривините. Агилна, динамична, лесно го менува правецот и исклучително е стабилна на повисоки брзини. Управувањето е исто така многу прецизно. Сепак, во трката за подобри возни својства, страда удобноста, недостаток кој е надополнет и со послабата звучна изолација и бучавата од гумите и ветерот.
 
Во внатрешноста, и покрај најголемото меѓуоскино растојание во класата, недостасува простор за главата на задната клупа, а и багажникот со зафатнина од 364 литри е само во просекот. Практичноста е солидна – кабината има доволно места за одлагање ситници, а со спуштањето на задните седишта се добива целосно рамен под. Зад воланот, ергономијата е на највисоко ниво и сите команди се на дофат на раката, а ниту прегледноста не е лоша.
 
Кабината е многу добар показател за квалитетот кој го нудат моделите на Mazda, со многу квалитетни материјали и исклучително високо ниво на завршна обработка. Јапонскиот производител котира високо на истражувањата за доверливост, што значи дека одржувањето не би требало да е многу скапо, иако почетната цена е меѓу повисоките во класата.
 
Накратко, новата 3-ка на Mazda е наменета за возачот, а не за патниците. Брза и динамична, но недоволно удобна, ќе ја препорачаме за помладите купувачи. А да беше барем малку помека, ќе се сместеше и на врвот од класата!
ПРЕДНОСТИ
• Солидни перформанси
• Одлични возни својства
• Прецизно управување
• Квалитетна кабина
• Одлична ергономија
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаба звучна изолација
• Потврдо возење
• Простор за глава на задната клупа


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Mazda 3  

VOZILOTO E PREKRASNO NO SEPAK CENATA E PREVISOKA ODRZUVANJETO E SKAPO ZA NAS STANDARD
Напишан од EMIL  пред  околу 20 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА-МАЗДА ИМА 109 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА-МАЗДА ИМА 109 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА  пред  околу 33 месеци
ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО САМО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 33 месеци
Mazda sie mazda
Напишан од Mazda sie mazda  пред  околу 38 месеци
Mazda sie mazda
Напишан од Mazda sie mazda  пред  околу 38 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
14990 - 27014
Opel Astra
 
Opel Astra
15182 - 22098
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C4 - нова гама13990 €
Ford Focus13990 €
Honda Civic15990 €
Hyundai i3013565 €
KIA Cee'd14550 €
Opel Astra15182 €
Peugeot 30814990 €
Renault Megane16290 €
Seat Leon15166 €
Toyota Auris14990 €
Volkswagen Golf VII14990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Mazda

www.mazda-mk.mk

Импортер за Македонија
Стар Моторс

Тел: 02 / 3070 - 166

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Mazda модели
2 3
3 Sedan 6
6 Adventure 4x4 CX-3
CX-5 MX-5



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook