дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Opel > Opel Astra Sedan > Краток опис за моделот
Opel Astra Sedan Opel Astra Sedan
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 16212
веќе од 270 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,0
Изглед
4,5
Перформанси
3
Возна динамика
3,7
Зад управувачот
4
Удобност
5,5
Простор и практичност
5,5
Квалитет и доверливост
6
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
6,3
Безбедност и сигурност
7
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Солидно, но скапо седан остварување

Седан верзијата на Astra никогаш не беше главниот хит во гамата. Сепак, на пазар како нашиот, прави многу повеќе смисла отколку хечбек моделот, пред се благодарение на поголемиот багажен простор.


За разлика од хечбекот, во задниот дел може да се смести товар со волумен од 460 литри, што, иако не е рекорден резултат (Octavia нуди 130 литри повеќе), е и повеќе од доволно за една четири члена фамилија. Кабината нуди доволно простор и на предните и на задните седишта, скоро како кај модел од средната класа. Малиот отвор во задниот дел значи дека внесувањето на поголеми предмети е отежнато, но Opel вели решението за тоа е караванската верзија на Astra.

 
Зад управувачот, возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција и седењето е генерално удобно. Сепак, преголемиот број на копчиња на средната конзола, кои не се јасно означени, го прават користењето на мултимедијалниот уред многу проблематично, дури и по долг период на адаптација. Прегледноста е солидна и напред и назад, додека квалитетот на користените материјали и изработката на високо ниво.
 
Во возење, седан моделот е поудобен во однос на хечбек моделот, што е голема придобивка на нашите патишта, но затоа нарушена е динамичноста во возењето. Звучната изолација не е на највисоко ниво, што особено важи за дизел моторите, кои произведуваат и вибрации во некои делови од кабината. При повисоки брзини, се слуша и малку повеќе звук од ветерот, но во кабината може да се води нормален разговор.
 
Моторизацијата ја сочинуваат неколку бензинци и дизели, од кои препорака се турбо бензинците и турбо дизелите. Атмосферските бензинци се мачат со големата каросерија, а притоа и трошат малку повеќе гориво, односно преку 9 литри во град и преку 6 литри на отворено. Дизелите се економични, но далеку од помодерните единици кај конкуренцијата.
 
Цената на Astra Sedan кај нас е далеку од конкурентна и моментално, скоро сите конкуренти се нудат по пониски цени. Опремата е солидна и дури и кај основниот модел има се што му е потребно на македонскиот купувач, но многу конкуренти го нудат истото за помалку пари.
 
Според тоа, навистина е тешко да се препорача Astra Sedan пред подостапните конкуренти, како Skoda Octavia и Hyundai Elantra, кои нудат многу повеќе за вложените пари. Не дека е лош автомобил, напротив, има многу простор во внатрешноста и е удобен на нашите патишта, но седан изведбата на популарниот хечбек од Риселхајм едноставно е премногу скапа да се стави на врвот од класата.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Удобно возење
• Одлични турбо бензинци и дизели
• Квалитетен ентериер
НЕДОСТАТОЦИ
• Повисока цена во однос на конкурентите
• Непрегледна средна конзола
• Атмосферските бензинци нудат слаби перформанси и трошат повеќе гориво


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Opel Astra Sedan  

OOO none
Напишан од Djaferi  пред  околу 35 месеци
Jas none sum go imal vakov astra go flajfuvalo do treto brzini mnogu e jako samo sum go rusel vo drvo moe astra i sega go vozim astra g mnogu e jako pozdrav i kis
Напишан од Stefan Urdzanov  пред  околу 35 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Škoda Octavia
 
Škoda Octavia
13900 - 27030
Toyota Corolla
 
Toyota Corolla
15590 - 21590
Hyundai Elantra
 
Hyundai Elantra
12600 - 14400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компактни - седани
 
Hyundai Elantra12600 €
Mazda 3 Sedan16980 €
Renault Fluence15395 €
Seat Toledo14405 €
Škoda Octavia13900 €
Toyota Corolla15590 €
Volkswagen Jetta21036 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Opel

www.opelauto.com.mk

Импортер за Македонија
Олимпија Моторс

Тел: 02 / 2 600 - 303

Адр:

Работно време: 
сабота: 


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Opel модели
Adam Adam Rocks *
Astra Astra GTC
Astra Sedan Astra Sports Tourer
Cascada Combo Tour
Combo Van Corsa
Corsa Van Insignia
Insignia Country Tourer Insignia Sports Tourer
Meriva Mokka X
Movano Van Vivaro
Zafira



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook