дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Toyota > Toyota GT-86 > Краток опис за моделот
Toyota GT-86 Toyota GT-86
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 32900
веќе од 548 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
7,0
Изглед
7,5
Перформанси
9
Возна динамика
9,7
Зад управувачот
8,7
Удобност
4
Простор и практичност
3
Квалитет и доверливост
7,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
7,3
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Најзабавниот од сите!

Секој автомобил со малку посилен мотор од пониските класи се чини забавен и го качува адреналинот, се додека не се проба едно расно купе со погон на задните тркала


GT86 е вистински спортист, како од книгите, по цена од нормален спортски компакт со погон на предните тркала. Напред, има атмосферски боксер со зафатнина од 2,0 литри и 200 КС, доволен за забрзување до стотка за 7,6 секунди и 226 km/h максимална брзина. Но, силата е веројатно и најмалку важна – агрегатот врти слободно до црвеното поле на 7.500 врт/мин, небаре е тркачки мотор, а уште поважно, благодарение на боксер изведбата е поставен исклучително ниско. И звучи бесно. Многу бесно!

 
Ова, заедно со погонот на задните тркала и распределбата на тежината од 53:47, овозможува неверојатен баланс и возење досега достапно само кај поскапите купеа и роудстери на Porsche. Едноставно, подуправливост скоро и да нема, а на возачот, по желба, му е достапна и преуправливоста, односно дрифтањето. Благодарение на одличниот баланс, не треба ниту многу тренинг за возачот да стане доктор за возењето по свиоците. Токму така – GT86 е перфектниот автомобил за да се научи како да се вози брзо... Јапонското купе има и неверојатно прецизно управување и фантастичен менувач. А кажавме и дека е забавен? Многу забавен!? А згора на се, и не е многу неудобен, дури и на нашите патишта!
 
Внатре, на предните седишта има многу простор, додека возачката позиција е една од најдобрите што ги имаме пробано досега. Седиштата се исто така одлични, како и поставеноста на командите. Сепак, задните седишта само фигурираат како такви и реално се за многу кратки патувања, а и багажникот брои просечни 243 литри. Прегледноста е просечна. Во споредба со конкурентите, материјалите во внатрешноста изгледаат поевтино и поспартански, но идејата на GT86 секако не е да биде луксузен.
 
А и покрај сите тие 200 КС под хаубата, GT 86 знае да биде и штедлив автомобил – во град просечно вози со околу 10 литри (10,4 фабрички), а на отворено со под 7 (6,4 фабрички), односно со околу 8,5 литри во просек (7,8 фабрички)... Доколку сакате да штедите (што не е намена на овој автомобил, во град може да поминете и со 9,5 литри во просек, а доколку ја возите GT 86 онака како што е замислена, во град планирајте дека би потрошиле околу 13-14 литри).
 
Самиот баланс на шасијата, односно можноста за бесконечно дрифтање без поголеми корекции од возачот, агилноста, динамичноста и стабилноста карактеристични за три пати поскапите модели на Porsche, директното управување, фантастичниот менувач и моторот кој ги обожува високите вртежи, го ставаат GT 86 во кош со супер автомобилите кога е во прашање чувството зад воланот! Навистина, толку интуитивен, поврзан со возачот, избалансиран, забавен и чистокрвен возачки автомобил немало со години. Браво Toyota!
ПРЕДНОСТИ
• Исклучителен баланс на шасијата
• Извонредна агилност и стабилност
• Директно и прецизно управување
• Одличен менувач со кратки одови
• Идеална поставеност зад воланот
• Брз одзив на педалата за гас на моторот
НЕДОСТАТОЦИ
• Многу тесна задна клупа
• Релативно мал багажник
• Нема команди на воланот
• Моторот треба навистина да се исцеди за да се почувствува спортското забрзување


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Toyota GT-86  

kopach ne e naslednik na nisto ova e se novo od toyota i subaru
Напишан од gra  пред  околу 56 месеци
OVA MOZE OKEJ OVA E NASLEDNIK NA TOYOTA MR 2.HYUNDAITO COUPE E KOPIJA NA OVA
Напишан од TOYOTA GT 86  пред  околу 60 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi TT Coupe
 
Audi TT Coupe
36300 - 54073
Toyota GT-86
 
Toyota GT-86
32900 - 32900
BMW M3 Coupe
 
BMW M3 Coupe
73650 - 73650
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Спорт купе
 
Audi TT Coupe36300 €
BMW M3 Coupe73650 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КУПЕ       СПОРТ КУПЕ       
 

Одберете друг автомобил
     

Toyota

www.toyota.com.mk

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Toyota модели
Auris Auris Hybrid
Avensis Aygo
C-HR C-HR - Hybrid
Corolla GT-86
Hilux Hilux - 2016
Land Cruiser Prius
RAV 4 RAV 4 - Hybrid
Verso Yaris
Yaris Hybrid



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook