дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Hyundai > Hyundai i30 > Краток опис за моделот
Hyundai i30 Hyundai i30
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13565
веќе од 226 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,1
Изглед
5
Перформанси
2,5
Возна динамика
5
Зад управувачот
4,7
Удобност
5
Простор и практичност
5,5
Квалитет и доверливост
5,5
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
5,3
Безбедност и сигурност
6
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Се поблизу до конкуренцијата

Нов, многу помодерен дизајн, но и најава за многу подобри возни својства и подобар квалитет – дали овојпат i30 ќе конкурира на најдобрите во класата, или повторно ќе биде само играчот од сенка?


Моторизацијата е составена од четири бензинци, интересно со сила од 100 (1.4), 120, 130 и 135 КС (1.6). Најагилен е најсилниот мотор, благодарение на системот за директно впрскување. Дизелите се застапени со три единици, со сила од 90 КС (1.4), 110 и 128 КС (1.6). Најслабата дизел изведба е и најтрома од сите мотори, додека на автомобилот најдобро одговараат токму 1.6 дизелите.

Во однос на претходникот, i30 сега многу постабилно се држи на патот и не се буни ниту при брзи промени на правецот. Сепак, управувањето и натаму не враќа доволно информации од патот, а менувачите се недоволно прецизни и со долги одови. Подобрата возливост сепак одзема на удобноста – кореецот потскокнува на дупките, а особено на повисоки брзини. Бензинските мотори се добро придушени во кабината и работат скоро без вибрации, но дизелите се бучни на повисоки вртежи. Бучава има и од воздухот при повисоки брзини (веројатно поради големите ретровизори), како и од гумите...

Кабината е меѓу најпространите во класата, и на предната и на задната клупа. Багажникот брои солидни 378 литри, а со спуштањето на задната клупа се добива скоро рамен под. Зад управувачот, возачот лесно ќе ја најде идеалната позиција, но збунуваат командите на средната конзола, кои ги има во преголем број.

Цената е меѓу најниските во класата, иако се работи за нов модел. Опремата е солидна, но недостасува целосна опрема за безбедноста – во основниот модел има само 2 воздушни перничиња, па според тоа не важат петте ѕвездички на краш тестот!!! Според истражувањата за доверливост, Hyundai котира подобро и од некои европски модели, а тука е и одличната гаранција од 5 години.

Од друга страна, моторите и натаму не се економични како кај најдобрите во класата. Бензинецот, според фабричките податоци троши 6 литри во просек, односно 4,9 на отворено и 7,9 во град. Реално, потрошувачката во град се качува и до 9,5 литри, односно преку 6 на отворено, што е и до литар повеќе од конкуренцијата. Дизелот е многу поекономичен – според официјалните податоци троши 4,1 литар во просек, односно 3,5 на отворено и 5,2 во град. Реално, бројките не се толку сјајни – во град потрошувачката изнесува 7 литри, додека на отворено околу 4,5 литри.

Поубав, подинамичен и позабавен за возење, поквалитетен и покомфорен, i30 е многу повеќе автомобил од својот претходник. Всушност, ако тоа се атрибутите што ги барате, корејскиот автомобил е меѓу најдобрите модели во класата! Сепак, увозникот на Hyundai во нашата земја одлучи повторно да скрати на безбедноста – основниот модел има само 2 воздушни перничиња! Исто така, за оние кои сакаат да патуваат на подолги релации, препорака се други модели – i30 е побучен и помалку удобен од конкуренцијата.

ПРЕДНОСТИ
• Модерен, флуиден дизајн
• Одлични возни својства
• Најпространа внатрешност во класата
• Добра возачка позиција
• Квалитет на материјали и изработка
• Богата опрема
• Гаранција
НЕДОСТАТОЦИ
• Послаба удобност
• Бука од ветерот и гумите при повисоки брзини
• Нешто повисока потрошувачка во однос на конкурентите
• Слаба опрема за безбедноста (2 возд. пер.)
• Многу копчиња во средната конзола
• Непрецизни менувачи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Hyundai i30  

ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА
Напишан од ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА  пред  околу 24 месеци
ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА
Напишан од ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА  пред  околу 24 месеци
ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА
Напишан од ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА  пред  околу 24 месеци
ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА
Напишан од ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА  пред  околу 24 месеци
ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА
Напишан од ЗАДНИТЕ ШТОП СВЕТЛА СЕ ИСКОПИРАНИ ОД МАЗДА ПРОВЕРЕНО Е ОВА  пред  околу 24 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 25
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
14990 - 27014
Opel Astra
 
Opel Astra
15182 - 22098
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Компакти
 
Citroën C4 - нова гама13990 €
Ford Focus13990 €
Honda Civic15990 €
KIA Cee'd14550 €
Mazda 316980 €
Opel Astra15182 €
Peugeot 30814990 €
Renault Megane16290 €
Seat Leon15166 €
Toyota Auris14990 €
Volkswagen Golf VII14990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Hyundai

www.hyundai.com.mk

Импортер за Македонија
Кореа Ауто Трејд

Тел: 02 / 3095 - 525

Адр: ул. Скупи 3а

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Hyundai модели
Elantra Grand Santa Fe
i10 i20
i30 i30 Wagon
i40 i40 Wagon
ix20 Santa Fe
Tucson



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook