дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Toyota > Toyota Yaris > Краток опис за моделот
Toyota Yaris Toyota Yaris
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 10590
веќе од 176 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
4,9
Изглед
3
Перформанси
4
Возна динамика
4
Зад управувачот
5,3
Удобност
3,5
Простор и практичност
4
Квалитет и доверливост
5
Цена/Опрема
6
Трошоци за користење
8,3
Безбедност и сигурност
6
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Најснаодлив во град

Со поагресивен, помодерен дизајн и поспортски карактеристики, но и помалку варијабилна и функционална внатрешност, новиот Yaris ќе се обиде да влезе под кожа пред се на помладата генерација...


Моторизацијата е солидна, сочинета од два бензинци и еден дизел. Бензинците, карактеристично бараат повисоки, но се доволно еластични и при пониски вртежи, додека дизелот е еден од најбрзите во класата. Доколку се вози и надвор од град, препорака се посилните мотори, односно 1.33 бензинецот и 1.4 дизелот, додека најмалиот мотор со три цилиндари најдобро се снаоѓа од семафор до семафор и при пониски брзини.

Во однос на подвозјето, новиот Yaris е изненадувачки потврд во однос на претходната генерација. Не е неудобен, но не е ниту мек... Секако, возните својства се подобрени, но не треба да се очекува динамика како кај Mazda 2 или Ford Fiesta. Затоа пак Јапонецот е повторно најдобар за тесните градски улички – управувањето и педалите се лесни, менувачите прецизни, а кругот на свртување и димензиите најмали во класата. Рафинираноста е солидна и сите мотори се добро придушени и работат скоро без вибрации. Добра е и звучната изолација при повисоки брзини, нормално во рамките на класата.

Внатре, подобрена е ергономијата – седењето е малку пониско, а сите команди се големи, читливи и секогаш на дофат на раката. За разлика од некои конкуренти, во комфорот во Yaris ќе може да уживаат сите патници – јапонскиот мини е напростран во класата... Назад, подот е дури и рамен, како би му било удобно на патникот во средината, а багажникот, и покрај најмалите димензии, е меѓу најголемите во класата (286 литри). Чиста петка? Уште да беше варијабилен (задната клупа не се лизга) или да имаше толку отвори за ситници како претходникот, дефинитивно.

„Најинтелигентен“ модел во класата... Така Toyota ни го претстави новиот Yaris, благодарение на достапниот мултимедијален Touch&Go уред, кој во поскапите верзии доаѓа со апликации како кај smart телефоните, меѓу кои и апликација за Facebook. Основниот модел, не е опремен со овој систем, но и натаму нуди прилично богата опрема, која вклучува централна брава со далечинско, електрични стакла напред, електрични ретровизори со греење, радио со CD+MP3 и AUX+USB приклучок со 6 звучници и команди на волан, серво управувач подесив по висина и длабочина, задна делива клупа 60:40 и висинско подесување на возачкото седиште...

Со стартна цена од 10.990 за моделот кој го имавме на тест, со бензинецот со 69 КС, Yaris е еден од најскапите модели во класата. Повисоката цена делумно ја оправдува високата гаранција од 5 години или 160.000 километри, која е највисока на пазарот, како и докажаната доверливост на Toyota. Јапонците ветуваат и подобрен квалитет во новата генерација, што е видливо во внатрешноста, каде се употребени поквалитетни материјали.

Згора на тоа, основниот бензинец е најштедлив мотор во класата. Toyota ветува просек од 4,8 литри на 100 km, но реално, изнесува 5,2 литри, што за бензинец е во најмала рака извонреден резултат. И поголемиот бензинец е исклучително штедлив (реално просек под 6 литри) и дизелот, кој се задоволува со под 5 литри во просек.

Yaris е одличен и кога е во прашање безбедноста, со освоени чисти 5 ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP и стандардна опрема која вклучува 4 воздушни перничиња, ABS+EBD+BAS и Isofix.

Yaris не е веќе „моноволуменот“ во класата, туку на еден начин се претопува во толпата на автомобили од ниската класа. И натаму нуди најпространа внатрешност и најмали димензии исклучително е подвижен и снаодлив во град и е евтин за возење и одржување.

ПРЕДНОСТИ
• Исклучително пространа внатрешност
• Компактни надворешни димензии и мал круг на свртување
• Ниска потрошувачка од сите мотори
• Одлична ергономија
• Лесно управување, извонреден менувач
• Подобрен квалитет на материјалите во внатрешноста
• Богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Потврдо подесена суспензија
• Послаба функционалност во однос на претходникот
• Основниот бензинец е летаргичен при повисоки брзини
• Недоволно прецизно и директно управување
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Toyota Yaris  

ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА
Напишан од ЈАПОНСКО И ШВЕДСКО СЕ ДРУГО Е ГОЛА ВОДА  пред  околу 32 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 7
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Polo
 
Volkswagen Polo
10990 - 21275
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Dacia Sandero
 
Dacia Sandero
7650 - 12150
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Ниска класа
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero7650 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta9600 €
Great Wall Voleex C10 8200 €
KIA Rio9990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa9930 €
Peugeot 20811489 €
Renault Clio11215 €
Seat Ibiza12374 €
Škoda Fabia9160 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift10790 €
Volkswagen Polo10990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Toyota

www.toyota.com.mk

Импортер за Македонија
Тојота Авто Центар

Тел: 02 / 3088 - 800

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:00 - 18:00 (сервис до 16:00)
сабота:  10:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Toyota модели
Auris Auris Hybrid
Avensis Aygo
C-HR C-HR - Hybrid
Corolla GT-86
Hilux Hilux - 2016
Land Cruiser Prius
RAV 4 RAV 4 - Hybrid
Verso Yaris
Yaris Hybrid



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook