дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën DS5 > Краток опис за моделот
Citroën DS5 Citroën DS5
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 29900
веќе од 498 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
6,4
Изглед
8
Перформанси
5,5
Возна динамика
6,7
Зад управувачот
6,7
Удобност
6,5
Простор и практичност
6,5
Квалитет и доверливост
6,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
4,7
Безбедност и сигурност
8
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Вози како и што изгледа – ѓаволски добро

Конкурент е во средната премиум класа, а е хечбек – Французинот како и секогаш со различен пристап од конзервативните Германци. За дизајнот нема да трошиме многу зборови – неколку пати е позабележителен од и така допадливите BMW 3, Mercedes C Class и Audi A4, но има ли премиум моделот со двоен Chevron на маската други адути за да зададе поголем удар на конкуренцијата?


Моторизацијата ја сочинуваат по два турбо бензинци и дизели, како и еден хибриден дизел модел. Сите мотори ги карактеризираат одлични перформанси, а особено хибридот и бензинецот со 200 КС, кои одлично одговараат на карактерот на возилото. Да, DS5 има спортски карактер – се навалува минимално во свиоците и има одличен контакт со подлогата. Поднесува и брзи промени на правецот, а тука помага и прецизното управување.

Сепак, страда удобноста, која е послаба дури и од германските конкуренти, што особено се чувствува кај поголемите тркала со понизок профил. Возењето не е неудобно како кај спортски модел, но не е ни како што би се очекувало од еден премиум модел од средната класа. Штета, зошто рафинираноста и звучната изолација се на максимално високо ниво, па при повисоки брзини може да се разговара дури и со шепотење. Особено тивок е хибридниот модел, кој низ град најчесто вози само на струја.

Внатрешноста е особено пространа и на предната и на задната клупа – тука DS5 е подобар од германските конкуренти, а стандардниот панорамски покрив дава дополнително чувство на пространост. Лесно се наоѓа и идеалната возачка позиција, а контролите се секогаш на дофат на раката, како во кокпит на авион. Багажникот брои 468 литри, но практичноста е многу подобрена благодарение на петтата врата – конкуренцијата нуди само седан изведби.

Сериската опрема Chic вклучува автоматска двозонска клима, целосна електрика, 17 инчни алуминиумски тркала (16 кај дизелот со 110 КС), стартување и влегување без клуч, патен компјутер, радио со CD+MP3+AUX+USB, 6 воздушни перничиња, ABS+ESP+REF+AFU, темпомат, внатрешен електрохроматски ретровизор, внатрешна ткаенина Armucara Mistral, хромирани лајсни, кожен волан и менувач... Навистина богата опрема за премиум модел – конкурентите за повеќе од половина од ставките, бараат доплата... Сепак, цената се чини е малку повисока – основниот дизел мотор има 110 КС, а чини 29.900 евра.

Потрошувачката е одлична, а тоа особено важи за дизелот со 110 КС кој се задоволува со 5,7 литри во просек (4,4 фабрички). Бензинецот со 200 КС се задоволува со 9 литри во просек (6,7 фабрички), што е одличен резултат. Видлив е и напредок во квалитетот – внатрешноста е обложена во скапи материјали, а Citroen се подобрува на истражувањата за доверливост. Од друга страна, за очекување е дека цената при препродажба ќе паѓа повеќе отколку кај германските конкуренти.

Попрактичен и пред се поразличен, DS5 е вистинска свежина во класата во која Германците владеат скоро три децении. Овој Citroen нема да ве вози удобно како што се очекува од него, но се друго прави ѓаволски добро... Исто како и што изгледа!

ПРЕДНОСТИ
• Стабилно возење, одличен контакт со подлогата
• Високо ниво на рафинираност и звучна изолација
• Пространа кабина
• Врвна ергономија
• Подобра практичност во однос на конкуренцијата (петта врата)
• Изгледа фантастично
НЕДОСТАТОЦИ
• Тврдо возење
• Висока цена


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën DS5  

AVION !!!
Напишан од smile  пред  околу 63 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Audi A4
 
Audi A4
31344 - 55981
BMW Серија 3
 
BMW Серија 3
31170 - 53160
Lexus IS
 
Lexus IS
38500 - 52500
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Премиум - средна класа
 
Audi A431344 €
BMW Серија 331170 €
Lexus IS 38500 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
СРЕДНА КЛАСА       ПРЕМИУМ - СРЕДНА КЛАСА       СРЕДНО - ВИСОКА КЛАСА       ВИСОКА КЛАСА       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo Furgon Berlingo Multispace
C - Elysee C1
C3 C3 Picasso
C4 - Cactus C4 - нова гама
C4 Grand Picasso C4 Picasso - 2014
C5 DS3
DS4 DS5
Jumper Jumper Combi
Jumpy Jumpy Multispace
Nemo Nemo Multispace



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook