дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Peugeot > Peugeot 208 > Краток опис за моделот
Peugeot 208 Peugeot 208
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 11489
веќе од 191 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
4,7
Изглед
4,5
Перформанси
3
Возна динамика
4,7
Зад управувачот
3,3
Удобност
3,5
Простор и практичност
3,5
Квалитет и доверливост
4
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
7,7
Безбедност и сигурност
7,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Манекенот на екстремна диета

Повторно со напреден и неодолив дизајн, но и со драстично намалена тежина, намалени димензии и поголема внатрешност, 208 се наметнува да го преземе тронот во ниската класа.


Моторизацијата е застапена со пет бензински и четири дизелски мотори. Бензинците се атмосферци, освен најсилниот со 156 КС кој е помогнат од турбо полнач. Благодарение на помалата маса во однос на претходникот, перформансите се солидни кај сите мотори, дури и кај новите три цилиндраши. Кај дизелите, перформансите се солидни, но се чини се малку расипани со долгите преносни односи.

На пат, благодарение на пониската маса, 208 е подинамичен и поагилен, иако се уште не на нивото на најдобрите во класата. Управувањето е прецизно, а малиот волан дополнително придонесува за таквото чувство. Суспензијата е малку потврдо подесена – не е неудобно, но не е ни како кај најдобрите модели во класата. Рафинираноста кај моторите е солидна, но подвозјето испушта звуци при поминувањето преку поголеми дупки. Звучната изолација е на високо ниво и кабината останува тивка дури и при повисоки брзини.

И покрај намалените димензии, што е добредојдено во градските гужви, 208 нуди драстично поголема кабина од претходникот, што е особено видливо на задната клупа, која е една од најпространите во класата. Порасна и багажникот и тоа на одлични 285 литри.

Најголеми во внатрешноста ќе доживее сепак возачот – инструмент таблата кај 208 се наоѓа над воланот! Ова придонесува за подобрена видливост, без многу оттргнување на погледот од патот, но од друга страна, доколку се постави погоре, воланот го попречува долниот дел од инструментите. Инаку генерално, ергономијата е солидна и командите се лесно достапни, иако истото не важи за прегледноста, особено во предниот дел.

Опремата е солидна, а особено онаа за безбедноста, па така, основниот модел вклучува 6 воздушни перничиња, целосен сет на контроли за стабилноста, патен компјутер, серво управувач, електрични предни стакла, централно со далечинско, волан подесив по висина и длабочина, возачко седиште подесиво по висина и 12 V приклучок.

Потрошувачката кај сите мотори е драстично намалена, но бензинците со четири цилиндари и натаму не важат за претерано штедливи, особено ако се споредат со конкурентите од класата. Сепак, основниот бензинец со 60 КС може да се задоволи со извонредни 5,5 литри на 100 km во просек (4,3 фабрички), додека основниот дизел со исто така импресивни 4,6 литри дизел гориво во просек (3,8 фабрички), што воедно ги прави и едни од најекономичните мотори во класата.

Peugeot ветува и подобрен квалитет кај новиот модел и зголемена доверливост. Внатрешноста, исто така стана многу поквалитетна, како кај најдобрите во класата.

Благодарение на намалената маса, новиот 208 стана поагилен и подинамичен автомобил, но најважно од се, многу поекономичен. Можеби не е удобен како што би се очекувало од еден Французин, но малите надворешни димензии и пространата внатрешност го прават еден од најпосакуваните модели во класата.a

ПРЕДНОСТИ
• Пространа внатрешност, мали надворешни димензии
• Голем багажник
• Подобрени возни својства
• Ниска потрошувачка од помалите бензинци
• Перформанси
• Прецизно управување
• Квалитет на ентериерот
НЕДОСТАТОЦИ
• Помалку удобно возење
• Подвозјето испушта звуци при поминување преку поголеми дупки
• Воланот го попречува долниот дел од инструмент таблата
• Послаба прегледност напред


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Peugeot 208  

preubav avtomobil nesto najdobro dosega od peugeot
Напишан од bbbb  пред  околу 56 месеци
po grd aftomobil ke mora da pocekame da napravat
Напишан од aleksandar  пред  околу 58 месеци
vnatre mnogu grdo
Напишан од mmm  пред  околу 61 месеци
12.000 евра??!!!!!! Алоо опрајте се бре фиуууу алоооо. Моја претпоставка е дека овој модел нема да доживее успех, однапред е осуден на пропаст само поради цената
Напишан од Џемшир  пред  околу 61 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Polo
 
Volkswagen Polo
10990 - 21275
Suzuki Baleno
 
Suzuki Baleno
11490 - 16900
Seat Ibiza
 
Seat Ibiza
12374 - 22574
 
Најпопуларни автомобили
 
 
Ниска класа
 
Citroën C39890 €
Dacia Sandero7650 €
Fiat Punto11350 €
Ford Fiesta9600 €
Great Wall Voleex C10 8200 €
KIA Rio9990 €
Lada Kalina7700 €
Mazda 211480 €
Nissan Micra11500 €
Opel Corsa9930 €
Renault Clio11215 €
Seat Ibiza12374 €
Škoda Fabia9160 €
Škoda Rapid Spaceback12020 €
Suzuki Baleno11490 €
Suzuki Ignis10950 €
Suzuki Swift10790 €
Toyota Yaris10590 €
Volkswagen Polo10990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
МИНИ АВТОМОБИЛИ       НИСКА КЛАСА       ПРЕМИУМ - МАЛИ       НИСКА КЛАСА СЕДАНИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Peugeot

www.peugeot.com.mk

Импортер за Македонија
Еуроимпекс

Тел: 02 / 3 111 - 000

Адр: Ул. Трета Македонска бригада бр. 72

Работно време:  08:00 - 18:00
сабота:  09:00 - 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Peugeot модели
108 2008
208 208 LCV
3008 301
308 308 SW
5008 508
508 SW Bipper
Bipper Tepee Boxer
Expert Expert Tepee
Partner Partner Tepee



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook