дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Citroën > Citroën C4 - Cactus > Краток опис за моделот
Citroën C4 - Cactus Citroën C4 - Cactus
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 12990
веќе од 216 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,7
Изглед
7
Перформанси
4,5
Возна динамика
4,7
Зад управувачот
4,3
Удобност
5,5
Простор и практичност
4,5
Квалитет и доверливост
5
Цена/Опрема
6,5
Трошоци за користење
8,3
Безбедност и сигурност
7
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Трендовски автомобил со еден тон иновации

Новиот C4 Cactus на Citroen е веројатно најнапредниот автомобил кој го произвел Citroen после подолго време. И тука не алудираме само на футуристичкиот и посебен дизајн кој врти толку многу глави низ улиците. Тука зборуваме и за ултра ниската маса, која е на нивото на автомобилите од ниската класа и која овозможува драматично пониска потрошувачка во однос на SUV конкурентите. Всушност, C4 Cactus е фантастични 200 килограми полесен од C4, автомобилот на кој е базиран, но со понова, полесна платформа. Фантастично достигнување.


Ултра ниската маса не значи и мал автомобил односно тесна внатрешност. Напротив. Просторот е на многу високо ниво и на предните и на задните седишта, иако моделот со панорамски покрив има помалку простор за главата. Багажникот е исто така со одлична големина, но функционалноста е намалена бидејќи задната клупа не може поделено да се спушти, како кај конкурентите, туку се спушта целосно, во еден дел. Затоа, низ кабината има многу, многу места за одлагање за ситници, кои се со солидна големина. И сето ова благодарение на иновациите, кои може да ги направи само Citroen: воздушното перниче за совозачот е вградено во покривот, наместо во средната конзола! Но, не е се за фалење – задните стакла се отвораат како лептир, нецелосно, што иако е направено за намалување на масата, одзема на комфорот на патниците назад.

Во возење, C4 Cactus се однесува како и скоро секој друг Citroen. Удобноста е на многу високо ниво на отворен пат и во кабината се пренесуваат само поголемите дупки, но тоа се случува многу ретко. На ова се придружува и солидната рафинираност – моторите се добро придушени, а не се слуша ниту многу звук од ветерот и гумите. Стабилноста е солидна, но динамиката и управливоста не се на нивото на конкурентите. Послаб е и мануелниот менувач, кој е недоволно прецизен и директен. Ергономијата е инаку солидна и сите команди се на дофат на раката, иако ќе беше добро воланот да можеше да се подесува по длабочина. Прегледноста пак е одлична, а низ тесните паркинзи помага и AirBump пластиката на вратите, која лесно ги апсорбира помалите удари. За мирен ум.
 
Онаму каде C4 Cactus брилира е ниската потрошувачка, како и ниските патни трошоци. Сите мотори се рекордери во класата кога е потрошувачката во прашање – основниот бензинец се задоволува со околу 7 литри во град, односно малку над 5 литри на отворено, додека новиот дизел со 100 КС троши извонредно ниски 4 литри на отворено, односно 5 литри во град, бројки на кои може да позавидат и некои градски модели! А благодарение на ниската маса, C4 Cactus може да се пофали и со солидни перформанси од сите мотори, а особено од турбо бензинецот.
 
И на крај, сите иновации кои ги направи Citroen со цел намалување на потрошувачката, а следствено на тоа и на емисијата на штетни гасови, доаѓаат по исклучително поволна цена. Со оглед на целосната функционалност која ја нуди C4 Cactus, но и со оглед на стилот кој го носи со себе, моментално е еден од најдобрите автомобили во класата и слободно ќе кажеме дека е високо препорачан избор.
ПРЕДНОСТИ
• Пространа кабина
• Многу корисни места за одлагање ситници
• Ултра ниска потрошувачка од сите мотори
• Одлични перформанси
• Удобно возење
• Заштита на каросеријата од помали удари
• Ниска цена
НЕДОСТАТОЦИ
• Задната клупа е неделива и се спушта само целосно
• Задните прозори се отвораат само делумно (со лептир)
• Послаба управливост и слаби менувачи


Спореди со предности и недостатоци на друг модел.


 

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.




Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Citroën C4 - Cactus  

Nedostaci + sedista nisu nimalo ugodne !!!! noga sa desne stane ima da dodire ZICU tako jako da dode do neki KANCER u desnjoj nogu ja sam kupio i nadlao sam dodaske nema mi spasa i ubije me desna noga a dabe sada podloga kad sam veq dobio bradavice u nozi a daj boze da se nesto ne desi....iz .og Citroen Cactus iskustva ETG6 crven-crni ...Pozz od Arben Bytyqi Kosovo
Напишан од arben  пред  околу 6 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 

Вашето име


Коментар



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.


 
Најпопуларни во класата
 
Suzuki Vitara
 
Suzuki Vitara
13990 - 24500
Mitsubishi ASX
 
Mitsubishi ASX
13980 - 23980
Dacia Duster
 
Dacia Duster
9990 - 16740
 
Најпопуларни автомобили
 
 
SUV - компактни
 
Dacia Duster9990 €
Fiat 500X CityLook15980 €
Honda HR-V20990 €
KIA Soul18750 €
MINI Countryman20900 €
Mitsubishi ASX13980 €
Nissan Juke16500 €
Opel Mokka X18438 €
Peugeot 200814330 €
Renault Captur13950 €
Škoda Yeti15550 €
Suzuki S-Cross15900 €
Suzuki Vitara13990 €
Volkswagen Tiguan25327 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
SUV - МАЛИ       SUV - КОМПАКТИ       SUV - ГОЛЕМИ       
 

Одберете друг автомобил
     

Citroën

www.citroen.com.mk

Импортер за Македонија
Автонова

Тел: 02 / 3093 - 001

Адр: ул. Скупи бб

Работно време:  08:30 - 18:00
сабота:  09:00 – 14:00


Матични фотографии за моделот


 
Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

 
Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

 
 
 


Други Citroën модели
Berlingo Furgon Berlingo Multispace
C - Elysee C1
C3 C3 Picasso
C4 - Cactus C4 - нова гама
C4 Grand Picasso C4 Picasso - 2014
C5 DS3
DS4 DS5
Jumper Jumper Combi
Jumpy Jumpy Multispace
Nemo Nemo Multispace



Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
 

koli.com.mk на Facebook