дома home avtomobili kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Нови автомобили > Ford > Ford Focus > Краток опис за моделот
Ford Focus Ford Focus
Spodeli
Опис на моделот
НОВОСТИ
ТЕСТ
КРАТОК ОПИС
 
Нов Автомобил / Инфо
ЦЕНИ И ОПРЕМА
ОПРЕМА (*.pdf)
 
Мултимедиjа
ФОТОГРАФИИ
ВИДЕО
 
Половен автомобил
ПОЛОВНИ
 
Ваше мислење
КОМЕНТАРИ

Информации за автомобилот
од 13990
веќе од 233 € месечно
преку NLB Лизинг, на 6 години
 
Детална табела со цени
ВКУПНА
ОЦЕНКА
5,4
Изглед
4,5
Перформанси
4,5
Возна динамика
6
Зад управувачот
5,7
Удобност
5,5
Простор и практичност
4,5
Квалитет и доверливост
5,5
Цена/Опрема
5
Трошоци за користење
5,7
Безбедност и сигурност
7,5
 
Спореди со оценки на друг автомобил

Бесниот компакт созреа во семеен автомобил

Глобален дизајн за вкусовите на сите во светот? Звучи добро, но кај новиот Focus така е само на хартија. Хечбек верзијата на популарниот компакт, благодарение на незграпниот заден дел, остава многу прашалници кај случајните минувачи... Зошто? Што мислеле? Можеби целта навистина била да се задоволат сите вкусови, но на крај, можеби и испадна спротивното...

И моторизацијата изгледа убаво на хартија – имам многу мотори за избор, а како основен се нуди 1,6 литарски бензинец со 85 КС. Оној пак со 105 КС делува како чекор над другите стартни бензинци во класата со 1,4 литри. Сепак, реално, скоро сите конкуренти со помалите мотори нудат подобри перформанси, особено во делот на забрзувањата. Моторот во Focus делува некако летаргично и споро одговара на командите на педалата за гас, а истото важи и за дизелите и турбо бензинците... Во возење, се чини како да им треба време на моторите да се подготват, да потегнат... Едноставно, ја нема карактеристичната бруталност во забрзувањата кој се очекува од модерните мотори...

Овој пат, не очекувајте динамика и агилност како на претходникот. Новиот Focus делува исклучително стабилно на високи брзини (најдобар во класата), скоро како Mondeo, но не се снаоѓа толку добро на тесните и кривулести патишта. Затоа, комфорот е на многу повисоко ниво, со карактеристично цврсто поминување преку големите дупки, скоро и без вибрации, како во Mondeo… Највисока оценка Focus заслужува за рафинираноста и звучната изолација – внатрешноста е сосема солидно изолирана од вибрации и од звуци од моторот и надворешноста.

И возачката позиција е одлична – возачот ќе се чувствува како во кокпит, иако командите не се јасни и интуитивни како кај Golf на пример. Исто така, и покрај тоа што е меѓу најголемите во класата, Focus заостанува зад најдобрите кога е просторот на задната клупа во прашање. Не е тесно, но е само во просекот на класата. Пофалби не заслужува ниту багажникот, кој со 363 литри конкурира на модели и до 30 cm пократки од него...

Силна страна на новиот Focus, како и секогаш, е вградената опрема. Дури и основниот модел има клима, целосна електрика, централно со далечинско, радио со CD+MP3 со команди на волан, кожен волан, патен компјутер... Дефинитивно многу опрема во старт. Нема штедење ни во поглед на безбедносната опрема – уште во старт се добиваат 6 воздушни перничиња и ABS+ESP. За високата безбедност на Focus најдобро говорат и петте ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP.

Цената е компетитивна, барем во однос на Astra на пример, иако пазарот нуди и поевтини компакти. За ова, веројатно ќе треба да се почека некоја продажна акција. Ford ветува и поевтино одржување кај новиот модел, како и подигнат квалитет. Барем визуелно, горната пластика во внатрешноста е квалитетна и мека на допир, како од класа погоре, но, како и кај претходникот, долната пластика е тврда и изгледа како од класа подолу. Иронично, рацете најчесто допираат на долната пластика...

„Благодарение“ на поголемите димензии и маса во однос на конкурентите, Focus не може да се натпреварува со потрошувачката, барем кај основните мотори, па за очекување е да биде за половина до литар повисока од таа на Golf. Дизелите се поштедливи, иако и тие заостануваат зад најдобрите во класата.

Сумирано, Focus не е веќе изборот за ентузијастите... Чувството на воланот и динамичноста во тесните свиоци не е ни близу до онаа на претходникот. Затоа, пак, новиот Focus прерасна во вистински крстосувач, удобен, стабилен и рафиниран на ниво кое досега го нудеа само премиум автомобилите, што самото по себе е извонредно постигнување.

ПРЕДНОСТИ
• Високо ниво на удобност
• Стабилност на повисоки брзини
• Извонредна звучна изолација
• Високо ниво на рафинираност
• Исклучително богата опрема
НЕДОСТАТОЦИ
• Помал простор на задната клупа
• Генерално, перформансите се послаби од тие на конкурентите
• Повисока потрошувачка, особено кај основните бензинци
• Евтина пластика во долниот дел од кабината

Спореди со предности и недостатоци на друг модел.

Учествувајте во изборот на автомобил на годината

ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАДНА ?

Досега гласале посетители.

Споделете го вашето мислење или видете што другите мислат за Ford Focus  

И АКО СЕ ПРАВИ ВО КЕЛН ГЕРМАНИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПАЗАР СЕПАК ОВА Е АНГЛИСКО БИДЕЈКИ ОСНОВАЧОТ Е БРИТАНЕЦ,A ВО ИРСКА Е ПРЕДЛОЖЕНО ИМЕТО ФОРД-НЕ МИ СЕ ДОПАЃА ПРЕТХОДНИОТ МОДЕЛ ТОЈ 2ОО8 БЕШЕ ПОУБАВ
Напишан од И АКО СЕ ПРАВИ ВО КЕЛН ГЕРМАНИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПАЗАР СЕПАК ОВА Е АНГЛИСКО БИДЕЈКИ ОСНОВАЧОТ Е БРИТАНЕЦ  пред  околу 26 месеци

КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 25
 
Вашето име

Коментар

Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Најпопуларни во класата
 
Volkswagen Golf VII
 
Volkswagen Golf VII
14990 - 27014
Opel Astra
 
Opel Astra
15182 - 22098
Ford Focus
 
Ford Focus
13990 - 24400
 
Најпопуларни автомобили
 
Компакти
 
Citroën C4 - нова гама13990 €
Honda Civic15990 €
Hyundai i3013565 €
KIA Cee'd14550 €
Mazda 316980 €
Opel Astra15182 €
Peugeot 30814990 €
Renault Megane16290 €
Seat Leon15166 €
Toyota Auris14990 €
Volkswagen Golf VII14990 €
 
Може да ве интересираат и следните класи на автомобили
 
КОМПАКТИ       КОМПАКТНИ СЕДАНИ       ПРЕМИУМ - КОМПАКТИ       
 
Одберете друг автомобил
     
Ford

www.ford.com.mk

Импортер за Македонија
Ми-Да Гранд Моторс

Тел: 02 / 3073 - 103

Адр: Бул. Октомвриска Револуција бб

Работно време:  08:00 - 20:00
сабота:  08:00 - 15:00

Матични фотографии за моделот

Заради поголема доверливост при барање на Тест возење, ве молиме пополнете ги следните полиња:
   
Име и презиме  
Возраст

Град  
Контакт телефон  
Моментално возам

Други Ford модели
B-MAX C-MAX
Fiesta Fiesta Van
Focus Focus ST
Galaxy Ka
Kuga MCA Mondeo
Mustang Ranger
S-MAX Tourneo Connect
Transit Chassis Cab Transit Connect
Transit Custom Transit Minibus
Transit Van

Suzuki Swift

Одберете друг автомобил
 
koli.com.mk на Facebook