дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli новости avtomobil kola koli магазин avtomobil kola koli совети avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli мотоспорт avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ         НАЈНОВИ МОДЕЛИ         НАЈПОПУЛАРНИ        ТЕСТ        ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ        СПОРЕДБИ        САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Инфо
 
Spodeli
 
   
     
  Инфо  
 
 
 

“Ништо не е толку добро за да не може да биде направено подобро. Ова не е мото или мисија која е закачена на нашиот ѕид и заборавена. Ова е едноставен начин на кој ги правиме работите.”

Kiichiro Toyoda, Основач на Toyota Motor Corporation, Мај 1939 година.


Тоа е мислата според која и ние работиме. Затоа го направивме новиот koli.com.mk целосно од почеток, елиминирајќи ги сите недостатоци, и имплементирајќи многу нови функционалности.

Што е koli.com.mk?
Koli.com.mk е независен автомобилски Интернет медиум, со содржина намената за читатели кои купуваат или продаваат автомобил, нов или половен, но и за сите на кои им е потребен совет или пак се само големи вљубеници во се што има тркала.

Структура
Структурно, втората верзија на koli.com.mk, е поделена на следните целини:

  • Нови автомобили
  • Половни автомобили
  • Текстови (Тестови, Споредби, Премиери, Кратки новости, Совети, Теми, Колумни, Технологија, Мотоспорт итн.)
  • Мултимедиа
    • Фотографии
    • Видеа
  • Форум

Организација на содржината
Податоците на koli.com.mk се организирани на начин за лесно, едноставно и брзо наоѓање на било каква информација поврзана со сите автомобили на македонскиот пазар, но и со други корисни податоци за и околу автомобилите.

Нови автомобили на koli.com.mk
Цените и нивоата на опрема прикажани на порталот се превземени од автоимпортерите во Македонија.  

Половни автомобили на koli.com.mk
Половните автомобили и податоците за нив се прикачуваат од вас, посетителите.

Текстови на Koli.com.mk
Сите текстови, кратки и долги тестови за автомобилите, споредби и совети и многуте дневни новости се напишани од нас, новинарите на koli.com.mk.

За автомобилите за кои нема тест на koli.com.mk
Големо изнинување до сите кои сакаат да прочитаат тест или некоја информација за нов автомобил, а неа ја нема на koli.com.mk. Сепак, новите автомобили кои се на тест можат единствено да ни ги обезбедат автоимпортерите во Македонија.

Побарајте и Вие тест возење
Отсега, новиот koli.com.mk нуди можност за барање на да побарате тест возење од автоимпортерите, директно преку koli.com.mk, со пополнување на едноставен формулар. Барањето за тест возење ќе стигне директно на e-mail на автоимпортерот во Македонија.

 


Suzuki Swift

 
 

Вашиот виртуелен пријател

Наједноставно, koli.com.mk може да го замислите го како ваш нов, виртуелен пријател, кој e полн со информаци за автомобилите, па може да ви помогне. Единствено што треба да направите е да го прашате, тој ќе ви одговори. А, може да го прашате за:

  1. конкретен автомобил или
  2. одредена сума која ја имате на располагање, па тој ќе ви каже кои автомобили се достапни за таа сума, или
  3. конкретни марки на автомобили или конкретни тип на мотор или
  4. било каков поспецифициран избор на марка, модел, цена, мотор, ниво на опрема...

Системот зa пребарување е истовремено полн со функционалности, и едноставен за користење. За само неколку клика вие виртуелно се наоѓате во сите салони во Македонија истовремено и гледате што има на понуда. А, може и да направите директна споредба помеѓу два или повеќе автомобили. Сега, се ви е на дофат. Само имајте желба и пари за автомобил!

Сигурно подобар, поубав, постабилен, пообемен... и пофункционален, Да, пофункционален. Тоа е идејата.

Koli.com.mk V2 e направен е да ви служи вам – кога купувате или продавате автомобили кога или кога не сте сигурни како да постапите во одредена ситуација, па ви е потребна помош.

Сите модели на автомобили кои се продаваат во Македонија сега Ви се достапни  на само неколку клика. Цени на автомобилите, ниво на опрема, фотографии, кратки и супер тестови, новости, оценки за автомобилите, предности и недостатоци, видео-материјали... Дури и официјалните ценовници на автоимпортериите. Се е тука, се во прилог на заштеда на вашето време и подобра одлука при набавка на автомобил.



Одберете друг автомобил