Форум koli.com.mk  

Оди назад   Форум koli.com.mk > Автомаркет Македонија > Половни автомобили

Половни автомобили Дискутирајте за состојбата на македонскиот автомаркет на половни автомобили

Реплика
 
Алатки за тема Прикажи модови
Старо 02-26-2011, 15:16   #1
ОбиченПАК
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 12
ОбиченПАК е сеуште без репутација
Зададено Процедура за купување на половен автомобил во МК

Ајде малку да ја објасниме легалната процедурата за купување на стар автомобил во МК. Нешто во смисла, нотар, одјавување во МВР ако е од друг град, цени на процедури, времетраење, плаќање данок, регистрација во друг град. Нешто слично со темата за за увоз на половни автомобили, која е исклучително корисна и поучна.
Чинам дека ваков тип на информации се од интерес на претпоставуам голем број на прелистувачи на форумот.
ОбиченПАК е офлајн   Одговор со цитат
Sponsored Links
Старо 02-26-2011, 15:30   #2
Deki1
F1 возач
 
Аватарот на Deki1
 
Зачленет: Oct 2010
Локација: Битола
Мислења: 1,114
Deki1 има многу добра репутацијаDeki1 има многу добра репутацијаDeki1 има многу добра репутацијаDeki1 има многу добра репутацијаDeki1 има многу добра репутацијаDeki1 има многу добра репутација
Зададено

Одлична тема, ми се допаѓа, јас би го коментирал делот околу гаранција на половен автомобил при купување кај нас, во европа има закон за заштита на потрошувачите(од 99 година) и доколку половното возило кое го купуваш во рок од 1 год се расипат витални делови како мотор мењач, должен е да ти го сервисира продавачот, и доколку има некоја скриена мана да те обавести, пришто тоа ке го вкалкулира во крајната цена, во србија се воведе од 1 јануари 2011, треба да се потикне и тука акција да се воведи и кај нас, затоа што знаеш што купуваш и колку стварно вреди тоа.
Еве и еден линк да прочита некој доколку го интересира тоа од емисија за коли во кој се зборува за новиот закон во србија од 13 фебруари 2011
http://www.autoservis.hr/index.php/rabljenic/329
Многу добра работа е ова.
__________________
Henry Ford which is the best car-of course new car
Deki1 е офлајн   Одговор со цитат
Старо 02-26-2011, 16:51   #3
ОбиченПАК
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 12
ОбиченПАК е сеуште без репутација
Зададено

Да да, многу пие вода муабетот за некаква гаранција или сет на задолжителни мерки кои треба да ги исполнува половното возило и сето тоа спакувано во правна рамка која го регулира и санкционира тоа. Гледам и во Бугарија е тргната кампања на таа тема, а чекорите преземени во Србија секако се за поздравување и дополнителен импулс да се актуализира темата во РМ. Чинам дека намерното затскривање на сериозни дефекти кај половните автомобили е акт на убиство.

Од тој аспект дури и овој форум, како најпосетуван и најажуриран на тема автомобилизам во РМ, може да биде потикнувач на една таква граѓанска иницијатива. Практика толку прифатена и легитимна во секоја демократска држава.

Идеата за темата ми дојде од фактот дека не постои никаде на веб просторот ва РМ сублимат од тоа кои се чекорите при купо-продажба на половен автомобил, од проста баналност на нотарска такса до моментот на плаќање на данок.
ОбиченПАК е офлајн   Одговор со цитат
Старо 02-26-2011, 18:35   #4
Nevian
F1 возач
 
Аватарот на Nevian
 
Зачленет: Jan 2010
Возраст: 33
Мислења: 1,193
Nevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутацијаNevian има супериорна репутација
Зададено

Значи начело штом сте се одлучиле за одредено возило и сте договориле цена, сопственикот на возилото(продавачот) и купувачот со личните карти, парите, сообраќајната од возилото и клучевите одат на нотар и потпишуваат купопродажен договор.Некои нотари можно е да побараат и потврда од заложен регистар дека возилото не е заложено т.е. не е под хипотека (народоно речено). Цената на нотарот е околу 500 ден. Потоа новиот сопственик си го превзема возилото со сообраќајната дозвола. Е сега ако возилото останува во истиот град потребно е да се пријави промената на сопствеништво во МВР и да се издаде нова сообраќајна дозвола со променет сопственик тоа мислам дека чини околу 250 ден. Ако возилото заминува во друга општина т.е. друг град тогаш таблиците и сообраќајната треба претходниот сопственик на возилото да ги одјави во М.В.Р. и ќе плати околу 300 ден. трошоци, на шалтер на МВР ги задржуваат таблиците, го одјавуваат возилото и ви удираат печат на старата сообраќајна дека возилото е одјавено. Новиот сопственик со купопродажниот договор, старата сообраќајна и пријава со таксени марки и уплатница од 1400 ден на буџетска сметка на МВР го пријавува возилото во неговиот град. Штом се процесира пријавата ќе се издадат нови регистарски таблици на име на новиот сопственик.
Во основа тоа е процедурата.

п.с. Може сум грешка за некоја тарифа. Ова се однесува за половни возила.

П.П.С. Ако го продадете возилото по повисока цена од која сте го купиле тогаш сте оствариле добивка и таа подлежи на даночење.
__________________
Не вози побрзо од твојот Ангел Пазител
Nevian е офлајн   Одговор со цитат
Старо 02-26-2011, 21:18   #5
ОбиченПАК
Возач почетник
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 12
ОбиченПАК е сеуште без репутација
Зададено

Цитат:
Напишано од Nevian Види го мислењето
Значи начело штом сте се одлучиле за одредено возило и сте договориле цена, сопственикот на возилото(продавачот) и купувачот со личните карти, парите, сообраќајната од возилото и клучевите одат на нотар и потпишуваат купопродажен договор.Некои нотари можно е да побараат и потврда од заложен регистар дека возилото не е заложено т.е. не е под хипотека (народоно речено). Цената на нотарот е околу 500 ден. Потоа новиот сопственик си го превзема возилото со сообраќајната дозвола. Е сега ако возилото останува во истиот град потребно е да се пријави промената на сопствеништво во МВР и да се издаде нова сообраќајна дозвола со променет сопственик тоа мислам дека чини околу 250 ден. Ако возилото заминува во друга општина т.е. друг град тогаш таблиците и сообраќајната треба претходниот сопственик на возилото да ги одјави во М.В.Р. и ќе плати околу 300 ден. трошоци, на шалтер на МВР ги задржуваат таблиците, го одјавуваат возилото и ви удираат печат на старата сообраќајна дека возилото е одјавено. Новиот сопственик со купопродажниот договор, старата сообраќајна и пријава со таксени марки и уплатница од 1400 ден на буџетска сметка на МВР го пријавува возилото во неговиот град. Штом се процесира пријавата ќе се издадат нови регистарски таблици на име на новиот сопственик.
Во основа тоа е процедурата.

п.с. Може сум грешка за некоја тарифа. Ова се однесува за половни возила.

П.П.С. Ако го продадете возилото по повисока цена од која сте го купиле тогаш сте оствариле добивка и таа подлежи на даночење.
Да тоа е тоа!

Ете и линк кон формуларот за пријава/одјава на возилото

http://uslugi.gov.mk/Formular.aspx?F...0-6d6e7a752593

Tочни сметки и висина на давачки неможев да најдам.
ОбиченПАК е офлајн   Одговор со цитат
Старо 03-26-2011, 14:37   #6
Обичен
Тест Возач
 
Аватарот на Обичен
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 93
Обичен ќе стане популарен наскороОбичен ќе стане популарен наскоро
Зададено

Давачки при одјава на возилото во МВР:
1. Административни такси 110,00 денари на стандарден образец за уплата (наместо бившите таксени марки), средете си го пред да одите да одјавувате;
2. Барање за одјава се пополнува на шалтер на АМСМ кои се наоѓа таму на лице место во МВР (МТВ зграда за СК) и тоа чини 120,00 денари.

Документи: полномошто за одјава на возилото од претходниот сопстевник или друг правен основ нотарски договор, сообраќајна дозвола и секако таблиците.
Обичен е офлајн   Одговор со цитат
Старо 03-28-2011, 11:28   #7
Обичен
Тест Возач
 
Аватарот на Обичен
 
Зачленет: Jan 2011
Мислења: 93
Обичен ќе стане популарен наскороОбичен ќе стане популарен наскоро
Зададено

Давачки при пријава на возило:
1. Пријава на возилото ви ја пополнуваат на лице место во саницата за технички преглед и целата работа со 3 уплатници чини некаде околу 1670,00 денари.
2. Документи кој ви требаат се секако нотарскиот договор во оргинал и старата сообраќајна дозвола на чија задна страна се наоѓа печат дека возилото е одјавено од другата општина. После оваа ви ги издваат новите регистарски таблички и новата сообраќајна дозвола;
3. Стандардна регистрација и осигуровка по желба:

Сакам да напоменам дека опишаната процедура важи кога возилото е нерегистрирано и се преместува од една општина во РМ во друга општина. Ме се чини дека и во случај регистриран автомобил/иста општина алгоритамот на нештата е сличен, а процесот на одјава и пријава е задолжителен.

Постот на Nevian исто така добро ја опишува целата процедура.

Нешто кое би требало да го внимавате е секако возилото да не биде заложено и да му го побарате тој документ на стариот сопственик (ако мрчат сите), во спротивно потпишувате изјава пред нотар со која се обврзувате да го преземете возилото без тој документ со што целата одговорност за евентуални проблеми ја преземате вие (иако правно нотарска изјава може и после 1 минута ја отповикате, што е ваше право). Документот се вади во Централен Регистар на РМ и барајте претходниот сопственик да ја обезбеди посебно ако е ала „Мучкалице“ тип.
Нотарите вообичаено ви бараат готов договор чија заверка ја наплаќаат 300 до 450 денари, а за договор ве праќаат кај адвокат (така било договорено, иако нели после „кеш“ замолница со „тешко“ срце ќе ви направат тие).
Во друг пост ќе се обидам да дадам модел на договор за таква работа (не дека е проблем де).

Ете и модел на договор:

ДОГОВОР
За купопродажба на патничко моторно возило
Склучен на ден дд.мм.гггг во ГРАД, помеѓу:
1. ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на продавач) од ГРАД, ул. „УЛИЦА“ бр. 00, со лична карат број 1111111, издадена во УВР ГРАД (за Скопје ГУВР Скопје), со ЕМБГ 1212980456000 како ПРОДАВАЧ и
2. ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на купувач) од ГРАД, ул. „УЛИЦА“ бр. 00, со лична карат број 1111111, издадена во УВР ГРАД (за Скопје ГУВР Скопје), со ЕМБГ 1212980456000 како КУПУВАЧ,
За следното:
Член 1
Продавачот ИМЕ и ПРЕЗИМЕ е сопственик на патничко моторно возило-вид: патничко Марка СЕАТ C.A (SEAT S.A), тип ИБИЦА (IBIZA) со број на шасија JFJFKJFSDLJKKFSDJKLFSJKFSDKJFHS и број на мотор EWRWE-12321, година на производство 2007 со регистарска ознака АА-999-УТ (АА-999-UT), врз основа на договор за купопродажба склучен со КАДИС АД (се што треба таму) број 23423423 од 12.12.2008.
Член 2
Со овој договор ПРОДАВАЧОТ е согласен своето патничко моторно возило опишано во Член 1 од овој договор да го предате и пренесе во сопственост на КУПУВАЧОТ ИМЕ и ПРЕЗИМЕ.
Член 3
Договорните страни се согласни купопродажната цена за патничкото моторно возило опишано во Член 1 од овој договор да изнесува 5555 Евра, во денарска противвредност по среден курс на Народна Банка на Република Македонија, која на денот на склучување на овој договор во целсотс е платена на ПРОДАВАЧОТ од страна на КУПУВАЧОТ.
Член 4
На денот на склучување на овој договор патничкото возило предмет на оваа купопродажба е предадено во владение на купувачот.
Член 5
Договорот е склучен во 4 примероци од кои 1 примерок за секоја договорна страна, а останатите за потребите за заверка.
ПРОДАВАЧ: КУПУВАЧ:
ИМЕ и ПРЕЗИМЕ ИМЕ и ПРЕЗИМЕ
Обичен е офлајн   Одговор со цитат
Старо 07-30-2011, 18:32   #8
ivica-laki
Возач почетник
 
Зачленет: Jul 2011
Мислења: 2
ivica-laki е сеуште без репутација
Зададено

znae li nekoj kolku se dvizat cenite na DODGE KALIBER 1.8 2006 g. i nekoi informacii za vozilovo !!!
ivica-laki е офлајн   Одговор со цитат
Старо 08-01-2011, 21:23   #9
chochosot
Возач почетник
 
Зачленет: Aug 2011
Мислења: 3
chochosot е сеуште без репутација
Зададено

DODGE KALIBER 1.8 e dosta muden i baven avtomobil s visok razhod na gorivo, za tazi cena po dobre da zagledash niakoi po praktichen SUV ,ako ti haresva zaradi vanshniat vid ,naistina e agresiven po Amerikanski NO ne e praktichen za Istochna Evropa.
Pozdravi ot men i ako jelaesh moga da se pointeresuvam v predstavitelstvoto dali ima varnati ot lizing v dobro sastoianie.
chochosot е офлајн   Одговор со цитат
Реплика

Алатки за тема
Прикажи модови

Правила на пишување
Тине можеш да поставуваш нови теми
Тине можешда реплицираш
Ти неможеш да оставаш додатоци
Ти не можешда ги едитираш своите мислења

BB code is вклучен/и
Смешковците се вклучен/и
[IMG] кодот е вклучен/и
HTML кодот е Исклучен

Скокни до форум

Слични теми
Тема Темата ја започнал Форум Одговори Последно мислење
Совет за избор на половен автомобил Boko Половни автомобили 3 04-08-2012 23:24
Предлог за половен автомобил? TREND Половни автомобили 3 02-28-2012 21:52
Што може да ви се случи при купување половен автомобил aloxa Половни автомобили 18 04-14-2011 22:37
Совет при купување на автомобил 2500 евра hipik Половни автомобили 7 02-02-2011 19:59


Часовите се според зоната GMT +2. Времето сега е 03:48.


Овозможено од vBulletin® Version 3.8.4
Copyright ©2000 - 2014, Jelsoft Enterprises Ltd.